Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон со победа над Русинот Карен Хачанов со 6:4, 6:2, 6:2.
Српскиот ас со рутинска игра мина понатаму за само еден час и 50 минути.
Ѓоковиќ во борбата за полуфинале се среќава со Јапонецот Кеи Никишори, кој претходно денеска го елиминираше Летонецот Ернесто Гулбис со 4:6, 7:6 (7:5), 7:6 (12:10), 6:1.
Вимблдон се игра за вкупен награден фонд од 34 милиони фунти.







