Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз со победата на Бугаринот Григор Димитров со 7:6(7:5), 6:4.
Српскиот ас ќе се бори за петтата титула на овој турнир против победникот од мечот меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Денис Шаповалов од Канада.
Ѓоковиќ до триумфот дојде после големиот пресврт во тај-брејкот од првиот сет кога губеше со 5:3, а потова „врза“ четири поени и поведе со 1:0 во сетови, што во голема мера му го олесни понатамошнииот тек.
Во продолжението со рутинска игра стигна до победа и до ново финале.
Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 5,2 милиони евра.







