Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЃОКОВИЌ Е КРАЛ НА АВСТРАЛИЈА: Новак го растури Циципас во финалето на Австралија Опен
Тенис

ЃОКОВИЌ Е КРАЛ НА АВСТРАЛИЈА: Новак го растури Циципас во финалето на Австралија Опен

јануари 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новак Ѓоковиќ и официјално е тенискиот крал на Австралија.Тој, јубилеен 10-ти пат го освои Австралија опен.Српскиот ас во финалето го победи Стефанос Циципас со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6).

Ѓоковиќ по повредата што ја влечеше во поголемиот дел од турнирот, најде сила уште еднаш да покаже зошто е најдобар играч на светот.

Ја забележа 22. Грен слем титула, 10-та во Мелбурн.

По една година пауза, тој се врати во Мелбурн, каде дел од навивачите едвај чекаа да го испровоцираат во текот на двете недели од турнирот, но тој одговори на најдобар начин, уште еднаш го подигна пехарот.

Ѓоковиќ во првите два сета се чудеше на теренот, на крајот од вториот и почетокот на третиот беше видливо дека има проблеми со сервисот, што го искористи Гркот на стартот од третиот, кој стигна до пауза, а веднаш беше вратен од Ноле.

Голема драма имаше во тај-брејкот од вториот сет, кој го освои Србинот по трилер финиш.

Србинот започна одлично. Сервираше прв, и веднаш му испрати јасна порака на ривалот дека нема да му биде лесно. До крајот на мечот ја контролираше играта и не дозволи какво било изненадување.

Ѓоковиќ победи и го цитираше Џордан

Веднаш после мечот, спрскиот тенисер го цитираше еден од најдобрите спортисти на сите времиња – Мајкл Џордан.

Ноле потсети на изјавата на познатиот кошаркар дека е потребно да има неуспеси за да се направи нешто големо.

„Знаете, Мајкл Џордан можеше да каже… Луѓето се сеќаваат само на добрите работи што ги направивте, но јас имав неуспеси, неуспеси, неуспеси и затоа успеав“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Кралот се враќа на тронот

Ноле од денеска повторно е прв на АТП листата. Со ова започнува неговата 374-та недела на чело на АТП караванот и му недостасуваат само четири недели до соборување на апсолутниот тениски рекорд во сингл кој го држи Штефи Граф со 277 недели на чело на ВТА листата.

Со 2.000 поени освоени за титулата, Новак го прескокна Карлос Алкараз, кому сега му бега за 340 поени.

Прв ќе биде Ѓоковиќ со 7070 бодови, а втор Карлитос со 6730.

Младиот Шпанец во следните четири недели не само што нема да може да ја надополни таа негатива, туку поради повреда која се уште не ја санирал, најверојатно ќе загуби уште 500 бода од минатогодишниот триумф на турнирот од Серија 500 во Рио.

Што се однесува до Циципас, тој со поразот во финалето ја пропушти можноста да стане првиот Грк на чело на АТП листата и прв Грен слем шампион од оваа земја.

Со 6.195 АТП поени ќе го надмине Каспер Руд на официјалната АТП листа и од денеска и официјално е третиот рекет на планетата, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Поради раната елиминација, Руд падна на четвртото место со 5.765 бодови, Русинот Андреј Рубљов, кој на патот до титулата беше елиминиран од Ѓоковиќ во четвртфиналето, ќе биде петти, што е и негов најдобар пласман досега, со 4.200 бодови, додека минатогодишниот шампион, Рафаел Надал, по шокантната елиминација во второто коло падна на шестата позиција.

„Бикот од Мајорка“, сепак, на крајот може да биде задоволен, бидејќи можеше да заврши десетти, да немаше многу изненадувања.

Во топ 10 остануваат Феликс Оже-Алијасим, Тејлор Фриц и Хелгер Руна, а се враќа Хуберт Хуркач, кој го истисна Данило Медведев.

Русинот, кој лани играше во финалето, а годинава беше елиминиран во третото коло, падна на дури 12-та позиција.

Пред него е Камерон Нори, а во врат му дише сонародникот Карен Хачанов.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)

 

Австралија мелбурн новак ѓоковиќ Тенис турнир
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Александар Зверев нов шампион на САД

септември 14, 2026

Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда

септември 9, 2025

Рафаел Надал официјално се прости од Ролан Гарос: Ништо не би било исто без ривалството со Енди, Новак и Роџер

мај 26, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.