Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ѓоковиќ запрен во четвртфиналето на Ролан Гарос
Тенис

Ѓоковиќ запрен во четвртфиналето на Ролан Гарос

јуни 1, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Ролан Гарос во четвртфиналето, бидејќи во фантастичен меч беше поразен од Рафаел Надал со 6:2, 4:6, 6:2, 7:6 (4). Спектакл! Тоа е наједноставниот збор со кој може да се опише 59-та пресметка на двата најголеми ривали во историјата на „белиот спорт“. Публиката имаше можност да ужива, но на крајот причина за славење имаа фановите на шпанскиот тенисер.

Овој одличен дуел имаше чуден тек. Играта на „Бикот од Мајорка“ сет и половина беше вистинска поезија. Првиот дел од натпреварот го заврши со два брејка предност, во вториот имаше 3:0, но потоа ѕверот од Србија се разбуди и почна да црта на земјената подлога на стадионот „Филип Шатрије“.

Ѓоковиќ од тој момент врза шест гема, ривалот освои само еден и тоа беше показател дека се се менува, дека Новак многу брзо би можел да го заврши овој меч. Но, потоа, во третиот сет Србинот повторно застана, почна да прави нетипични грешки, а Надал тоа знаеше како да го искористи тоа и дојде на чекор до триумф.

Започна четвртиот сет, а Ноле повторно го врати фокусот и играта. Дојде до ран брејк и таа предност ја чуваше, а потоа застана во клучниот момент, што не е својствено за него. Сервираше на 5:3 и имаше два сет топки кои не ги искористи. Тоа му даде нова инјекција на самодоверба на петтиот играч на светот кој успеа во тај-брејкот да го скрши отпорот на Ѓоковиќ.

Колку беше се чудно што се однесува до текот на мечот, говори податокот дека Надал ги започна сите три сета со брејк, и во сите три прв стигна до два брејка предност.

Надал по осми пат го совлада Србинот во нивниот десетти меч на земјена подлога во Париз. Сепак, Ѓоковиќ е оној кој и понатаму води во победите во нивниот меѓусебен дуел – 30:29.

Новак, 13-ти пат по ред беше во четвртфиналето на Ролан Гарос, а 16-ти пат на сите Грен слемови.

Треба да се каже и дека ова им беше 18-ти дуел на Грен слем турнирите, што е најмногу што двајца тенисери одиграле еден против друг.

На крајот повод за прослава имаше „Бикот од Мајорка“ по маратонот кој траеше четири часа и 13 минути. Шпанецот, на овој начин, остана со можност да го покори Париз по рекорден 14-ти пат, а воедно да стигне и до 22. Грен слем титула, што би го одвоила за две во однос на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Надал во полуфиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев, кој го победи младиот Шпанец Карлос Алкараз.

 

 

 

 

 

 

(Фото: МИА)

новак ѓоковиќ Париз Рафаел Надал Ролан Гарос
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Надзорните камери ја прикажуваат кражбата на скапоцен накит во Лувр

јануари 20, 2026

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

октомври 30, 2025

Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда

септември 9, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.