Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јавноста бара одговори за „Рекет“, ЈО тврди дека се работи на случајот
Судски процеси

Јавноста бара одговори за „Рекет“, ЈО тврди дека се работи на случајот

август 10, 2019Updated:август 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новите делови од снимката во врска со случајот „Рекет“, за исплатата на притвореникот Јордан Камчев кон Бојан Јовановски (Боки 13) објавени на интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, што во добар дел и се повторуваат со претходно пласираните аудио и видео материјали предизвикаа реакции од сите кои
на каков било начин се споменуваат или поврзуваат со случајот.

Расте и притисокот од јавноста кон Јавното обвинителство од кое се очекува да ја
забрза истрагата, особено по зачестените коментари и критики дека е недозволиво првите луѓе на Обвинителството за организиран криминал и на СЈО да бидат на одмор кога е во тек истрага од вакви размери.

Новата снимка содржи аудио запис од разговор за кој се слушаат гласови што потсетуваат на оние на бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев и Боки 13, а во еден дел и вметната една реченица од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Нема видео за да се види каде и како се одвиваат разговорите.

Се огласи Јавното обвинителство кое соопшти дека снимките објавени во италијанскиот медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од Обвинителството, туку станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот, а кои до Јавното обвинителство биле доставени од сведок во предметот.

„Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно. Притоа се проверуваат сите индиции и сите аспекти. Истражната постапка е во тек и јавниот обвинител презема истражни дејствија за да се обезбедат доказите и да се утврди фактичката состојба според подготвен план, кој обезбедува целосно истражување на случајот. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена, а јавноста за тоа веднаш ќе биде известена. По целосно завршување на истрагата ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, стои во соопштението.

Притоа, Јавното обвинителство нагласува, дека годишните одмори не се одразуваат на водењето на истрагата, а на местото на јавните обвинители кои се на одмор се назначени обвинители кои ги заменуваат и активно работат на предметот.

„Функцијата на јавното обвинителство се извршува непречено“, се посочува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во изјава за МИА јавниот обвинител Љубомир Јовески кажа дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ .

„Обвинителството заради доверливоста на постапката, не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени. Обвинителството уште при отворањето на истрагата има планирано дејствија како ќе се води постапката и согласно тоа ќе се води постапката“, вели Јовески одговарајќи на прашањето како ќе продолжи постапката за „Рекет“. Во врска со новите објави на аудио материјали се огласи и специјалната обвинителка Јанева, која вели дека е фрапирана како нејзините постапки „се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“.

„Како специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на информации“, вели Јанева, додавајќи дека разговарала за зголемување на степенот на соработка со осомничените, за откривање на нови сознанија во корист на истрагата, но во никој случај и во ниеден момент не тргувала со никакво влијание, не ја злоупотребила својата функција и не постапувала спротивно на законот.

„Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за
ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина“, нагласува Јанева.

И јавната обвинителка во СЈО, Лиле Стефанова во пишана изјава вчера го отфрли како невистинито искажаното од Јордан Камчев во снимката објавена во италијанскиот весник „Ла Верита“ и смета дека целта е да ја дискредитира како обвинител.

„Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител, кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски“, наведува во изјавата објавена на веб страницата на ЈОНСК, во која наведува дека како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број шпекулации, смета дека неопходно е во јавноста да изнесе одредени информации, токму во насока на спречување на таквите шпекулации.

Во изјавата таа појаснува дека во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обиделе да извршат влијание врз предистрагата што во тој период била насочена против нив и други лица, користејќи го нејзиното познанство со Ванчо Чифлиганец.

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец, во меѓувреме, во писмено соопштение ги негираше наводите изнесени во новите објавени снимки од разговорите меѓу Боки 13 и Камчев за случајот „Рекет“.

„Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Без предметно е, дури и попатно споменување на моето име“, стои во изјавата на Чифлиганец.

На објавените снимки на весникот „Ла Верита“ се слуша како Камчев вели дека Чифлиганец му барал дуќан за стоматолошки ординации за обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова.

Новообјавените снимки беа повод власта и опозицијата повторно да си разменат обвинувања во врска со случајот „Рекет“.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оценува дека е совршено јасно дека „имаме работа со криминален октопод и дека тоа е реалноста, но, додава, прашањето е што преземаат власта и институциите“.

Тој на објавата на неговиот фб профил повикува тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност и прашува зошто се уште Катица Јанева не е во притвор, зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит.

„Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, дека тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал“, вели Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев исто така преку Фејсбук порача дека мора да се расчистат случаите за кои се води истрага и секој да одговара за тоа што го сторил.

„Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда“, напиша Заев на својот Фејсбук профил по објавувањето на снимките во италијанскиот весник „Ла Верита“ во кој се прикажани и се слушаат разговори на лица осомничени или обвинети во предметите „Рекет“ и „Империја“.

Засега нема одговри кој е авторот на снимките, ниту како се снимани и кој ги дистрибуирал.

Објавувач е новинарот Ларис Гајсер, познат по своите десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница, како и со претставници на македонската опозиција.

актуелно јавност јо рекет случај
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.