Новиот „Јагуар E-Pace“ го собори официјалниот Гинисов рекорд на своето прво претставување во Лондон во „Ексцел салата“, една од ретките локации кои пружале услови за најновиот потфат на „Јагуар“ – скок од 15 метри со завртување од 270 степени.
Возачот Тери Грант долго се подготвувал за оваа акробација која до сега е видена само на филм. Впрочем, како инспирација послужил филмот за Џејмс Бонд „Човекот со златен пиштол“ во кој главната улога ја толкува легендарниот глумец Роџер Мур.
Гледачите, меѓу кои имало бројни ѕвезди, биле воодушевени од спектаклот пред нивните очи, а целокупниот настан бил надополнет со фантастичниот настап на Pete Tong & The Heritage Orchestra.
„Иако попознат како спортски автомобил „Јагуар E-Pace“ е СУВ кого го карактеризира простран ентериер, засилена безбедност, со пропорции на семеен автомобил и жестоки перформанси, кои инаку не се така типични за вакво практично возило“, изјави Јан Калум, директор за дизајн во „Јагуар“.
Во понудата веднаш ќе има неколку верзии на модели кои ќе се разликуваат по опременоста и дизајнот. Покрај основниот модел тука се E-Pace S, SE и најлуксузниот пакет E-Pace HSE.
Моторите 2,0 литарски турбо дизел од 150 КС се со погон на предните тркала и 6-степениот мануелен менувач, со можност за избор и за 4 WD погон и 9-степен автоматски менувач.
Сите останати модели – дизел D180 и D240, како и турбо бензинците P250 и P300 се со погон на сите четири тркала, како и со деветостепена автоматска трансмисија.
Најмоќниот модел P300 има 2,0-литарски турбо бензинец, до 100 км/ч стигнува за 6,4 секунди и достигнува максимална брзина од 243 км/ч.
Имајќи ги во вид ваквите перформанси директна конкуренција на новиот Е-Pace би му биле ауди Q3 или БМВ X1.









