Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“
Хроника

Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“

септември 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

„Боки 13 е повикан на распит утре напладне, а Јанева, која е разрешена од функцијата и е во притвор како осомничена во „Рекет“ исказ ќе дава во вторник“, потврдуваат за МИА од обвинителството.

Адвокатка на Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат, вели дека било очекувано Јанева да биде разрешена од функцијата специјален јавен обвинител, но дека е дискутабилна одлуката на Советот за јавни обвинители за нејзино разрешување од функцијата јавен обвинител во Гевгелија.

Прашана дали има докази за инволвираност на Јанева во случајот „Рекет“, Фрчкоска вели дека и биле презентирани селективни докази и оти од она што го видела не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото за кое се сомничи.

За снимките во кои се слуша како Јанева комуницира со осомничени лице кое е предмет што го води СЈО, Фрчкоска вели дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева дека се работело за евентуална соработка како сведок во друга постапка.

Според Фрчкоска, ќе треба да се види дали овие снимки ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка бидејќи тие не може да се поистоветат со снимките што ги користи СЈО во постапките.

„Не може да се поистоветат снимките што СЈО ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушување беа озаконети со Закон за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени од постапката“, смета Фрчкоска.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Сите тројца се во притвор.

актуелно Јанева Јовановски распит рекет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.