Мива Садо, новинарка вработена за јапонската националната телевизија НХК со седиште во Токио, починала од прекувремена работа, стои во официјалниот извештај на истражителите.
Смртта се случила во јули 2013 година кога ѝ откажало срцето, но нејзините раководители досега го криеле овој податок, наводно, поради почит кон нејзиното семејство.
Садо, во месецот пред смртта имала само два слободни дена и дури 159 прекувремени часа.
Веста за смртта на триесетгодишната Садо претставува нов притисок врз властите во Токио да го решат проблемот со големиот број смртни случаи предизвикани од прекумерна работа.
Официјалните податоци на владата на Јапонија покажуваат дека за една година, од март 2014-та до март 2015-та, повеќе од 2.000 луѓе извршиле самоубиство поради стрес на работа.









