Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јапонците страдаат поради најавите за екстра долг одмор за да го прослават крунисувањето
Автор

Јапонците страдаат поради најавите за екстра долг одмор за да го прослават крунисувањето

април 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Гардијан – Лондон

Принуден, исклучително долг одмор е она за што најмногу сонуваат заморените работници. Но, во Јапонија изгледите за непрекината пауза заради одбележување на абдикацијата на царот подоцна овој месец предизвикаа мешавина на ужас и вознемиреност.

Јапонија ќе го започне празнувањето без преседан на 27 април, неколку дена пред царот Акихито да се откаже од престолот во корист на својот најстар син Нарухито, чие реива (термин за владеењето на новиот цар, а кој се состои од два дела „реи“ што значи „ред“, но исто така и „среќен“ и „ва“, што вообичаено се преведува како „мир“ или „хармонија“) владеење ќе започне на 1 мај. Празнувањата ќе завршат на 6 мај Парламентот во декември минатата година го усвои законот со кој се одобруваат неработни денови заради прославување на промената на престолот Хризантема, што се совпаѓа со традиционалниот празник Златна недела на почетокот од мај.

Индустријата за организирани патувања се соочува со „патувачка треска“, со резервации за патувања во странство – особено долги летови до Европа – чиј број веќе ги надмина оние во просечна година.

„Поголемиот дел од нашите тури за празниците се продадени уште минатата година, рече Хидеки Вакамацу, портпарол на туристичката агенција „Нипон“, додавајќи дека многу други се на листата на чекање.

Но, не се сите среќни. Вработените со нередовни договори кои се платени од час или ден се загрижени поради губење на приходот, додека некои родители се грижат за тоа како да ги анимираат своите деца во текот на долгиот одмор.

„За родителите во услужниот сектор, десетдневниот одмор е чиста главоболка. Дневен престој во училишта, градинки – сè е затворено”, објаснува еден вознемирен родител на Твитер.

Многу луѓе едноставно немаат идеја што да прават со дополнителните слободни денови.

„Да бидам искрен, не знам како да го поминам времето кога одеднаш добиваме 10 дена одмор, изјави Сејшу Сато, 31-годишен вработен во финансиската индустрија.

„Ако сакате да патувате, ќе биде преполно насекаде, а трошоците за патување ќе се зголемат… на крајот може ќе останам во домот на моите родители, вели тој.

Неговите сомнежи се рефлектираат и во една анкета на весникот „Асахи“, во која 45 отсто од испитаниците изјавиле дека „се чувствуваат несреќно” во врска со долгиот одмор, додека 35 проценти велат дека се среќни.

Празникот барем ќе ги принуди повеќето вработени да се држат настрана од работата и да ја избегнат вината што честопати ги придружува за време на долгите периоди на отсуство од работа.

Јапонските работници помал годишен платен одмори отколку нивните колеги во други земји, покажа истражувањето спроведено кон крајот на минатата година.

Истражувањето, спроведено од онлајн туристичката агенција „Expedia Japan“, откри дека Јапонците имаат најкус годишен одмор меѓу работниците во 19 земји и региони, каде што просечен вработен зема само 10 дена одмор, односно половина од нивниот годишен одмор, посочува весникот „Никеи бизнис“.

Речиси 60 отсто рекле дека се чувствувале виновно поради користење платен одмор, при што многумина рекле дека имаат шефови кои не гледаат благонаклоно на слободните денови.

Во понеделникот, Јапонија усвои нови закони што поставуваат законски ограничувања за долгите работни часови откако е регистрирано зголемување на случаите на кароши – или смрт од прекумерна работа.

Земјата исто така ги ревидира имиграциските закони за да ги отвори вратите за околу 340.000 работници од странство во текот на следните пет години, во обид да се справи со сериозниот недостиг на работна сила.

долг одмор јапонци Работа Стрес
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

мај 11, 2026

Војната фрли милиони Иранци во сиромаштија и ги остави без работа

април 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.