Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЈСП „Скопје“: Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот
Локално

ЈСП „Скопје“: Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот

април 1, 2019Updated:април 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека од денеска (1 април), Жичарницата Милениумски крст ќе работи еден час подоцна од досега, односно до 18 часот, согласно утврдениот возен ред.

Поточно, работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле. Жичарницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.

Ве информираме дека Жичарницата, со која стопанисува ЈСП Скопје, со успех ја заврши 2018 година, утврден е зголемен број на продадени билети и приход во споредба со 2017 година.

Вкупно биле продадени 166.791 билети, при што е остварен приход од 13.488.230 денари, додека во 2017 година се продале 160.699 билети, а бил остварен приход од 13.287.100 денари.

Во изминатава година најголем пораст е забележан кај продажбата на групните билети за возрасни, биле продадени 7.420 билети, што е за 1.168 билети повеќе во споредба со 2017 година. Забележан е пораст и на продажбата на билети за враќање и месечни билети.

Наведените параметри укажуваат дека посетеноста секојдневно расте, а се очекува таа да бележи пораст во периодот што претстои. Генерално, најбројни се посетите за време на викенди и празници.

ЈСП Скопје врз основа на податоците од системот со кој се следи јавниот превоз, заклучи дека голем придонес во случајов имаат и функционирањето на автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) кои сообраќаат до Средно Водно и кои за време на викенди и државни празници се бесплатни за сите категории на граѓани.

Од неодамна, поради зголемениот интерес на граѓаните за користење јавен превоз до Водно и Жичарницата, ЈСП Скопје го зголеми бројот на автобуси и термини на линијата 25.

Бесплатниот превоз во посочените денови функционира речиси една година и беше инициран од Град Скопје, по предлог на огромен број на граѓани, пред се од еколошки аспект и ставање во контролирано и регулиурано движење до Средно Водно.

Неодамна Жичарницата во рамки на ЈСП Скопје потпиша договор за деловно-техничка соработка со тимот на Жичарницата од Сараево, Босна и Херцеговина. Соработката меѓу двете жичарници ќе значи размена на искуства помеѓу двата тима, а по потреба и техничка подршка.

Соработката, која се официјализираше пред десетина дена, всушност, беше начелно договорена при неодамнешната посета на градоначалникот Петре Шилегов на збратимениот град Сараево, каде годинава во употреба беше пуштена Жичарница.

Првото поаѓање на Жичарницата е во 10 часот, а последното возење од горе надолу е во 17.45 часот.

Билет за возрасни чини 100 денари за два правци, а 50 за во еден правец.
Билет за деца чини 50 денари.

Во вторник, петок, сабота и недела, бесплатен превоз имаат возрасните лица (жени со 62 години, мажи со 64 години).

Во среда бесплатно возење имаат учениците од средните училишта чијшто основач е Град Скопје и одлуката важи за време на учебната година.

Во четврток бесплатно возење имаат и редовните студенти на некој од државните факултети.

Водно жицарница ЈСП скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Дестабилизација на времото, невреме и поројни дождови за продолжениот викенд

мај 19, 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

мај 14, 2026

Времето облачно со дожд и ветер

мај 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.