Синдикатот на металуршкиот комбинат „Југохром“ побара средба со премиерот Емил Димитриев.
Југохромци инсистираат средбата да биде најдоцна до понеделник и потенцираат дека стојат на располагање 24 часа во текот на денот достапни за потврдување на денот за средба.
Велат оти го откажале за денес закажаниот протест оти не сакаат ја влошат уште повеќе и онака сложената политичка состојба.
„Југохром“ со месеци е затворен со одлука на Министерството за животна средина поради пречекорување на роковите за вградување филтри, а владата не одговара на дописите на тетовските металурзи.
„Ова е последно обраќање до вас. Бараме да се произнесете за „Југохром“. Владата имала секогаш агенда за развој на економијата и отворање нови работни места. Меѓутоа, со вработените во „Југохром“ се покажува спротивното“, се наведува меѓу другото во дописот што синдикалната организација од Комбинатот го испратила на адреса на премиерот Емил Димитриев.







