Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЊУЈОРК СЕ ГУШИ ВО ГУСТ ЧАД: Пореметени животите на милиони Американци
Во Фокусот

ЊУЈОРК СЕ ГУШИ ВО ГУСТ ЧАД: Пореметени животите на милиони Американци

јуни 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Воздухот во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави во четвртокот повторно беше силно загаден поради чадот од пожарите кои моментално беснеат во Канада, предизвикувајќи здравствена загриженост за десетици милиони Американци.

Ваквото атмосферско загадување, какво што ретко се гледа, ја зафати областа од Илиноис на север до Јужна Каролина, и направи проблеми на здравјето на децата и постарите лица, и на луѓето со срцеви и респираторни проблеми.

Генералниот секретар на ОН и еколошките организации ја нагласуваат потребата од борба против климатските промени, кои го зголемуваат ризикот од пожари.

Пожарите оваа година започнаа рано во Квебек, а нивниот чад оди право на југ, заради метеоролошките услови.

„Никогаш не сум видела вакво нешто“, рече Линда Хулиано (65), земајќи една од милионите маски кои вчера им се делеа на жителите на Њујорк.

„Тешко ми е да дишам, бидејќи боледувам од астма“, се пожали, оценувајќи дека ситуацијата „предизвикува вознемиреност“.

„Ме потсетува на 11 септември, кога небото беше покриено со чад“, изјави таа за „АФП“.

Невообичаени фотографии од Њујорк во портокалова светлина се на насловните страници на сите весници, иако во четвртокот наутро небото беше малку посветло.

 

„Виолетово“ предупредување во Вашингтон

Во Вашингтон ситуацијата е полоша од вчера, а предупредувањето за квалитетот на воздухот е сменето од „црвено“ во „виолетово“.

Ова ниво на загаденост е оценето како „многу штетно за здравјето“, според скалата што ја користи Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА).

Децата во државните училишта во Вашингтон, втор ден по ред, имаат физичко во сала, надворешните активности се откажани.

Сите летови за Филаделфија до пладне беа откажани, но сообраќајот подоцна се нормализира, соопшти американската Агенција за цивилно воздухопловство (ФАА).

И аеродромите во Њујорк бележаа доцнења поради слабата и лоша видливост.

Климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари и нивниот интензитет.

Зголемувањето на температурата, почестите топлотни бранови и намалената количина на врнежи на некои места се совршена основа за нивниот развој.

Во средата, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, објави на Твитер фотографија од затемнета глетка од седиштето на организацијата во Њујорк.

„Мораме да се помириме со природата“, напиша тој, нагласувајќи ја „итната потреба да се намали ризикот од пожари“.

Во Квебек доаѓа помош од надвор

Речиси 800.000 хектари земја изгореа во Квебек, соопштија властите.

Двојно повеќе пожари се пријавени од јануари досега во споредба со просекот во тоа време во последните десет години.

Во четвртокот во таа франкофонска покраина имаше повеќе од 150 активни пожари, од кои речиси 90 беа надвор од контрола.

Во наредните часови и денови се очекува да пристигнат дополнителни засилувања – американски, француски и португалски противпожарни екипи.

Повеќе од 12.000 луѓе беа евакуирани за неколку дена.

Опасноста од нови пожари се уште е голема.

Квалитетот на воздухот вчера беше многу лош и во Торонто, а експертите предвидуваат дека ќе достигне ниво опасно за населението.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Леонардо Муњоз)

актуелно Вашингтон воздух загадување канада Квебек њујорк пожар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.