Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Њујорк тајмс“: Доналд Трамп и неговото семејство заработија 1,4 милијарда долари во првата година од мандатот
СВЕТ

„Њујорк тајмс“: Доналд Трамп и неговото семејство заработија 1,4 милијарда долари во првата година од мандатот

јануари 21, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Доналд Трамп и неговото семејство во текот на првата година од вториот претседателски мандат остварија приходи од над 1,4 милијарда долари, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, оваа сума може да биде поголема бидејќи дел од приходите не е јавно достапен.

Истражувањето на американскиот весник покажува дека 23 милиони долари се заработени од лиценци за користење на името Трамп во странство. Првата дама Меланија Трамп треба да добие 28 милиони долари од компанијата „Амазон“ за документарен филм, а 90,5 милиони долари се приливи од технолошки и медиумски компании по основ на правни порамнувања. Катар му отстапи на Трамп авион во вредност од 400 милиони долари, кој се користи како „ер форс уан“, со план да остане во негова сопственост и по завршувањето на мандатот.

Најголемиот дел од приходите, односно најмалку 867 милиони долари, потекнува од работа со криптовалути. Синот на американскиот претседател, Ерик Трамп, во изјава за „Фајненшл тајмс“ потврди дека заработката од овој сектор ги надминува јавните процени. Моментно, организацијата на Трамп реализира 20 проекти во странство, меѓу кои хотел во Оман, деловна кула во Индија и голф-терен во Саудиска Арабија.

Американските медиуми известуваат и за корелација меѓу деловните потфати и одлуките на американската администрација. Како пример се наведува намалувањето на царините за Виетнам по почетокот на изградба на голф-терен вреден 1,5 милијарда долари во близина на Ханој под брендот на Трамп. Исто така, по добивањето на авионот од Катар, претседателот јавно понуди заштита за оваа држава.

Во делот на дигиталните средства, инвестициска фирма од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) најави вложување од две милијарди долари во компанија поврзана со Трамп. Оваа одлука беше донесена пред администрацијата на САД да им одобри на ОАЕ пристап до напредни американски полуспроводнички чипови. Според новинарот Рас Батнер, кој ги следи финансиите на Трамп, голем дел од средствата во секторот на криптовалутите доаѓа од анонимни странски извори.

Имотот на Трамп при враќањето во Белата куќа е проценет како 16.822 пати повисок во споредба со просечното американско домаќинство, со што тој го одржува статусот на најбогат претседател во историјата на САД.

актуелно заработка Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.