Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери во Абу Даби на разговори со спикерот на Федералниот национален совет на ОАЕ Сагар Ал-Гобаш
Македонија

Џафери во Абу Даби на разговори со спикерот на Федералниот национален совет на ОАЕ Сагар Ал-Гобаш

ноември 16, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Интензивирање на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на парламентарната соработка, како и економската и трговската размена, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на денешната средба меѓу претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и неговиот домаќин, спикерот на Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати Сагар Ал-Гобаш.

Претседателот на Собранието Џафери ја предводи собраниската делегација во оваа прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, во чиј состав се претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратеникот Хусни Исмаили, и пратениците Дарко Каевски и Бедри Фазли.

По официјалната билатерална средба на Џафери со претседателот на Федералниот национален совет Ал-Гобаш, предвидени се и разговори на парламентарната Делегација на Северна Македонија со членовите на Парламентарната група за пријателство со парламентите од европските земји на Федералниот национален совет на ОАЕ.

Парламентот на Обединетите Арапски Емирати или Федерален национален совет е воспоставен во 1971 година и го сочинуваат 40 пратеници, од кои половината се жени.

Претседателот на Собранието Џафери утре ќе оствари средба со министерот за толеранција и соживот Шеикот Нахјан Бин Мубарак АлНахјан. Џафери заедно со собраниската делегација ќе го посети и Павилјонот на Република Северна Македонија на „Експо Дубаи 2020”.

Оваа посета на собраниската делегација се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Во Абу Даби, но и во целата земја деновиве започнаа подготовките за одбележување на 50-годишнината од основањето на ОАЕ.

Абу Даби актуелно џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.