Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Законот за јазици од понеделник се враќа во Собранието
Македонија

Џафери: Законот за јазици од понеделник се враќа во Собранието

ноември 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од понеделник Собранието го очекува интензивна агенда имајќи ги предвид продолжување на седниците за законот за јазиците, за носење на буџетот за 2018, за избор на нови членови на Владата и на јавен обвинител, седница за пратенички прашања и за редовното годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, како и за ратификација на Договорот со Бугарија.

На денешната средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери најави и измена на парламентарниот Деловник, што како што кажа, би значело и првични разговори во рамки на иницијативата „Жан Моне“. Џафери кажа дека работна група на претставници од пратеничките групи ќе го разгледува драфтот на измените во десетте денови кога за буџетот за 2018 ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет. Би се менувале одредбите за конститутивната седница, бројот на пратеничките групи, процедурите за реплицирање и контрареплицирање и друго.

„Не би требало да се создаде слика дека ние сме подготвени да направиме нешто без опозицијата, но имајќи ја предвид комуникацијата која ја воспоставивме сметам дека се создадени услови за прецизирање на некои нешта кои би биле исто разбрани од сите, рече Џафери додавајќи дека е поминато времето кога политичките партии ќе се фокусираат само на теснопартиските одлуки.

Според него, во рамки на дијалогот од процесот „Жан Моне“ треба да се почне со полесни политички теми, како измените на Деловникот за работа на Собранието. Џафери вели дека претставниците на парламентарните партии се согласиле на разговори, но оти некои од нив требало да направат дополнителни консултаиции поради внатрепартиските случувања.

Во понеделник ќе продолжи расправата за законот за јазиците, а дебатата во текот на неделата би можело да биде прекината доколку во Собранието дојде предлог за нови членови на Владата. Потоа би започнала расправата за буџетот за 2018 година. Потоа според сегашните проекции би требало да се одржи седница за пратенички прашања, но и за ратификација на договорот со Бугарија.

Исто така Џефри, како што кажа, стапил во комуникација со кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во врска со потребата за нови судии во Уставниот суд.

Во 2017 година Собранието донело 20 закони, од кои еден по итна постапка, 13 по скратена, две ратификации и четири закони во редовна постапка.

актуелно бугарија ѓорге иванов жан мозен Собрание на РМ џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.