Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери – Која: Континуирана соработка на Собранието на Република Македонија со ОБСЕ
Некатегоризирано

Џафери – Која: Континуирана соработка на Собранието на Република Македонија со ОБСЕ

септември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Како што соопштуваат од кабинетот на Џафери, потенцирал дека ја цени улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата, а особено, како што нагласил, активностите на Мисијата во Скопје со која Собранието соработува веќе 26 години.

Тој оценил дека демонстрираната неутралност и придонесот што Мисијата го дала во критичните периоди, се од голема полза за Република Македонија.

Џафери изразил задоволство од континуираната соработка на Собранието на Република Македонија со ОБСЕ, за што сведочи интензитетот на средбите со високи претставници на оваа Организација.

Амбасадорот Клеменс Која изразил задоволство што ја презема оваа важна позиција, нагласувајќи дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси. Тој ги поздравил заложбите на Џафери за зголемување на стандардите во работата на Собранието, како и за професионализација и независност на собраниската служба.

Соговорниците размениле мислења за можностите за идна соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Мисијата  на ОБСЕ во Скопје, особено во насока на поддршка на Мрежата на канцеларии за комуникација на граѓаните со пратениците, за што Мисијата на ОБСЕ е подготвена да обезбеди обука на пратениците и вработените, како и опремување на канцелариите.

На средбата станало збор и за кампањата за претстојниот референдум, ставот на опозицијата и атмосферата меѓу граѓаните за истиот при што, претседателот Џафери оцени дека се поголем број граѓани ја сфаќаат потребата и битноста на изјаснување на референдумот.

Нагласувајќи ја високата поддршка на граѓаните на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО, потврдена на последните анкети за испитување на јавното мислење, тој оценил дека оваа определба ќе треба јасно да се покаже и на референдумот.

Џафери и Која ја нагласиле и улогата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, како мошне значаен чинител во структурата на Организацијата и витална врска меѓу владиниот дел на ОБСЕ и пратениците кои се директно избрани од граѓаните.

актуелно која македонија ОБСЕ џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.