Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери се сретна со европратеникот Кулоглу и со нобеловката за мир Бушамауи
Македонија

Џафери се сретна со европратеникот Кулоглу и со нобеловката за мир Бушамауи

декември 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
(ФОТО:МИА)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска оствари средба со европратеникот Стељос Кулоглу и добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, г-ѓа Видет Бушамауи. На средбата присуствуваше и ректорот на Универзитетот ФОН и поранешен амбасадор на Република Македонија, проф. д-р Нано Ружин.

Претседателот Џафери ја поздрави причината и целта на нивната посета, кои се остваруваат во вистински момент кога во Собранието на Република Македонија се во тек активностите за заокружување на започнатите процеси за евроатланска интеграција на земјата, а тоа е – номинацијата на премиерите Заев и Цирпас за Нобелова награда за мир. Тој истакна дека и покрај одличните економски односи меѓу двете земји, со оглед на фактот што Република Грција е четврт најголем инвеститор во Република Македонија, сепак отворените политички прашања негативно се одразиле на политичките билатерални односи досега и тоа само докажало дека отворените прашања, доколку се остават нерешени подолг период, генерираат пречки.

Во продолжение, претседателот на Собранието ги информираше присутните за реформските процеси од Планот 18 и за претстојниот пакет на закони за донесување во доменот на судството, безбедносниот сектор и администрацијата, како дел од предусловите за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија. На крај, тој изрази надеж дека по реализацијата на потребните процедури во двата парламента, повторно ќе има средба со својот колега Вуцис, за конкретизирање на идната билатерална соработка на сите нивоа, и дека ваквите чекори ќе придонесат за мир и стабилност на целиот регион и ќе служат како пример, особено во контекст на актуелните случувања во соседството.

Бушамауи изрази поддршка за мирот, стабилноста и безбедноста и ги пофали напорите на двете страни за избегнување на конфликти и за изнаоѓање мирно решение на отворените прашања, покажувајќи на тој начин дека проблемите можат да се решаваат преку дијалог. Таа ја потенцираше важноста двата парламенти да ги завршат започнатите активности, бидејќи овој модел е високо ценет од меѓународната заедница и истиот треба да служи како инспиративна лекција за целиот регион.

Европратеникот Стељос Кулоглу ја повтори поддршката на сите политички партии во Европскиот парламент за Договорот од Преспа, за кој што нагласи дека беше потребна политичка храброст, и покрај блокадите во двете држави од одредени политички партии. Во однос на ратификацијата од страна на грчкиот парламент, тој потенцираше дека процедурата ќе биде завршена во рок од неколку дена, веднаш по завршувањето на процедурата во Собранието на Република Македонија, со што ќе може да се деблокираат процесите за евроатланска интеграција на земјата.

актуелно нобелова награда собрание џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.