Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери-Џангшу: Посетата силен придонес за унапредување на соработката
Македонија

Џафери-Џангшу: Посетата силен придонес за унапредување на соработката

јуни 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во рамки на официјалната посета на Народна Република Кина се сретна со претседателот на Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу.

На средбата, како што информира Кабинетот на Џафери, Ли изрази топло добредојде од името на Секинеското народно собрание, а посетата на Џафери ја оцени како значаен придонес за зајакнување на билатерaлните односи, имајќи предвид дека оваа посета на највисоко законодавно ниво е прва во последната деценија.

Нагласувајќи дека двете држави немаат отворени прашања и односите се традиционално пријателски, истакна дека во рамките на Иницијативата појасот и патот, постојат многу можности за соработка во различни области.

Како што се додава во соопштението тој упати честитки за постигнувањето на договорот за името и признание за напредокот што Република Северна Македонија го прави во насока на остварување на своите стратегиски цели, членството во НАТО и Европската Унија и во таа насока, ја повтори и поддршката на Народна Република Кина на тој пат.

Тој истакна дека, во годината кога Народна Република Кина слави 70 години од своето постоење, на глобално ниво се залага за развивање на односи засновани на еднаквост и меѓусебно почитување. Анализирајќи ги актуелните состојби на глобален план и постоењето на тенденции за  унилатерализам и протекционизам, нагласи дека Народна Република Кина е посветена на мултилатеризам, отворена економија и градење на добри односи со државите во светот.

Тој, исто така повика на решавање на проблемите меѓу државите на мирен начин и преку дијалог а не преку насилство и уцени. -Економскиот просперитет е единствено можен во услови на стабилност, еднаквост и меѓусебно разбирање, нагласи претседателот на Секинеското Народно Собрание.

Џафери се заблагодари на поканата и на гостопримството и истакна дека, во развојот на пријателството меѓу двете држави и севкупниот развој на односите, значаен придонес има парламентарната димензија.

Тој информираше дека Собранието на Република Северна Македонија, преку пратеничката група за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, го покажува својот интерес за воспоставување, негување и продлабочување на потесни меѓупарламентарни врски, кои ќе влијаат врз унапредување на севкупните политички, економски и културни односи меѓу двете држави.

Тој се согласи со својот хомолог дека, иако двете држави остваруваат успешна соработка на полето на образованието, науката, земјоделството, туризмот, медицината и други области, постојат уште многу можности за интензивирање и збогатување на соработката.

Во текот на средбата стана збор и за инфраструктурните објекти во Република Северна Македонија што ги градат кинески компании, и општо за потенцијалот на Процесот на соработка 17 + 1, како извонредна важност за реални и конкретни проекти кои ќе донесат економски раст. Беше поздравено и основањето на Координативниот центар за култура во Народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје, кој има за цел јакнење и споделување на знаења, искуства и најдобри практики меѓу НР Кина и земјите членки од Централна и Источна Европа.

Двајцата соговорници изразија заеднички интерес за понатамошно унапредување на односите меѓу двата законодавни дома и во таа насока беше поздравена престојната посета на Република Северна Македонија на претседателот Комитетот за прашања за социјален развој на Секинескиот Народен Конгрес.

Во состав на делегацијата која ја предводи Џафери се потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, претседателката на пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова.

актуелно џангшу џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.