„Стотици војници би можеле да бидат ангажирани да ги снабдуваат бензинските пумпи со гориво ширум земјата, откако возачите панично правеа залихи и дојде до недостаток на нафтени деривати“, рече вчера доцна вечерта премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.
Џонсон денеска ќе ги собере министрите за да разговараат за операцијата „Ескалин“, откако „Бритиш Петролеум“ призна дека на третина од нивните бензински станици има недостаток на две врсти гориво, додека Здружението на мали продавачи на горива (ПРА), кое претставува 5.500 станици, наведе дека 50 до 90 отсто од нивните членови пријавиле дека немаат повеќе гориво за продажба.
Во обид да избегнат дополнително продлабочување на кризата, министрите, вклучувајќи ги министерот за економија, Кваси Картенг, министерот за сообраќај, Грант Шапс, и министерот за внатрешни работи Прити Пател, денеска ќе разговараат за можностите за надминување на состојбата.