Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се извини заради видео-снимката на која се гледа како неговите соработници се смеат за журката што ја направиле во Даунинг стрит 10, во време на најстрогиот ковид локдаун во 2020 година, велејќи дека е бесен заради тоа што му било речено дека немало никаков настан.
„Безрезервно се извинувам заради навредата што ја предизвика таа снимка и заради впечатокот кој го остава тој клип. но, повторувам… Кога се појавија гласини, ме уверуваа повеќе пати дека немало журка и дека анти-ковид мерките не биле прекршени“, изјави Џонсон.
Британската телевизија „Ај-Ти-Ви њуз“ (ITV News) објави снимка од минатиот декември, на која се стекнува впечаток дека официјални лица од кабинетот на британскиот премиер се шегуваат на сметка на одржувањето на Божиќна забава во владата во Лондон, само четири дена откако тој настан се случил, во моментот кога на сила биле строги ковид мерки во Велика Британија.
Соработниците на Борис Џонсон можат да се слушнат на снимката како се смеат и споменуваат „сирење и вино“, додека тогашната портпаролка, Алегра Стратон, забележува дека „дефинитивно немало социјална дистанца“.
Снимката од 22 декември 2020 3 проба за конференција за новинари во Даунинг стрит, која требало да ја води Стратон, а луѓето присутни во салата, нејзини колеги, поставуваат измислени прашања како би и помогнале да се подготви за неа.
(Фото: АП)







