Викендов казнети 263 возачи, 99 за брзо возење

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 263 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 39 мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 34 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, шест мерки за користење мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за посигурни патишта.