LinkSense.mk

Автобиографскиот филм на режисерот Стивен Спилберг, „Фабелманови“ и „Баншите на Инишерин“ ги добија главните филмски награди на Златен Глобус 2023 на церемонијата што се одржа во Лос Анџелес.

Филмот на Спилберг, кој ја раскажува приказната за момче кое се заљубува во филмската уметност, триумфираше во категоријата за најдобар филм – драма, како и во категориите за најдобра режија, додека филмот на Мартин Мекдона, околу раскинување на старо пријателство на мал остров во Ирска кој е зафатен во граѓанска војна, триуфираше во категоријата за најдобар филм – мјузикл/комедија, најдобро сценарио како и за најдобра машка улога за Колин Фарел.

Другите главни актерски награди ги добија Кејт Бланшет, за улогата во „Тар“, Мишел Јео за „Сешто, сегде, одеднаш“ и Остин Батлер за „Елвис“.

Аргентинскиот „1985“ победи во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје додека за најдобар анимиран филм беше прогласен „Пинокио“ на Гиљермо Дел Торо.

„Куќата на змејот“ ја освои наградата за најдобра серија-драма, „Основното училиште Абот“, триумфираше во категоријата за најдобра серија-комедија/мјузикл, а „Белиот Лотос“ ја доби главната награда во категоријата „лимитирана серија“.