Девет лица се застрелани при вооружен судир меѓу две групи луѓе што во понеделникот се случи на популарно место на плажа во Холивуд, во американската сојузна држава Флорида, јавува Си-Ен-Ен.
Полицијата приведе едно лице кое се поврзува со инцидентот, а во моментов трага по уште едно.
Пукањето се случило во близина на улицата „Џонсон“ и Северното шеталиште, авенија со палми веднаш до плажата преполна со ресторани и продавници.
Инцидентот, според официјални информации, се случил во 18.45 часот по локално време. Повредените се префрлени во блиските болници и, иако првично се мислеше дека сите се во стабилна состојба, таму им подлегнале на раните.
Локалните власти и полицијата побараа од граѓаните да се држат настрана од местото на конфликтот.
(Фото: АФП)







