Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Младите го креваат гласот
Настани

Младите го креваат гласот

ноември 25, 2016Updated:ноември 25, 20160
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Под мотото „Сликни. Сними. Сподели.“, денес беше најавен новиот проект VoiceUp.

Проектот, поддржан од УСАИД Македонија, треба да ги поттикне младите креативци во Македонија активно да се ангажираат во создавањето на нови содржини и нивна промоција преку социјалните медиуми.

Проектот е насочен кон сите млади заинтересирани за создавање постери, фотографии, музика, кратки филмови и секакви аудио, визуелни и аудио-визуелни содржини преку кои ќе одекне нивниот глас, став, мислење и идеја за сите прашања кои ги засегаат нив и нивното опкружување.

dario-2

„Активностите ќе се одвиваат во неколку фази во кои се предвидени и еднодневни средби за пренос на знаење во Битола, Свети Николе, Скопје, Гостивар и Куманово. За време на овие настани, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со алатки за промоција на сопствените идеи преку социјалните медиуми и да научат како да ги реализираат своите замисли поврзани со теми кои нè допираат сите нас, преку аудио, визуелни и аудио-визуелни форми“, рече Јелмаз Дервиши.

Меѓу другото, според Дервиши, ќе се снимал и документарен филм кој премиерно би бил прикажан на завршниот настан, што ќе биде сублимат на сè она што било сработено од страна на учесниците.

Тијана Петковска ја истакната важноста на овој проект кој ги спојува социјалната димензија на социјалните медиуми и мултимедијалните содржини, како идеален начин за креативно изразување.

dario-4

VoiceUp ќе има посебна веб платформа на која ќе можат да се најдат сите содржини изработени од учесниците и која ќе овозможи пристап до туторијали и форум преку кои, учесниците ќе можат да разменуваат знаења и директно да контактираат со самите ментори.

Проектот се реализира во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“, Еуро Колеџ – Куманово, Центарот на култура АСНОМ во Гостивар и бројни невладини организации од цела Македонија.

Повикот за учесници на проектот е сè уште отворен за сите оние кои се на возраст од 18 до 35 години.

актуелно Јелмаз Дервиши Сликни Сними Сподели Тијана Петковска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.