Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се обрати пред граѓаните на Пехчево и пред нив се обврза дека ќе ги врати среќата и животот во Македонија.
Тој на пензионерите им рече дека ги чекаат мирни денови, дека парите од пензиите ќе им останат.
Платите, напомена, дека ќе се зголемуваат, дека ќе има повеќе пари во семејствата и повеќе немало да одвојуваат од пензиите за сметки, храна и други потреби во домаќинствата.
„Секаде низ Македонија пензионерите бараат од мене работа да има за младите. Најголема болка им е што внуците и децата им се без работа и примања. Ви ветувам ќе ги вработиме младите и дека ќе има просечна плата до 30.000 денари до крајот на мандатот. Одиме со чесен концепт. Ќе создадеме Совет за јавна потрошувачка, во кој доминантно ќе одлучуваат пензионери. На секои 6 месеци ќе има пресек на малопродажните цени. Ако се покачиле за 20%, пензиите ќе се покачат за 20%. Ако се покачиле за 5%, за 5% ќе има покачување. Цените се зголемуваа за 20%, 30%, а Груевски ве лажеше дека 5% ги зголемил пензиите. Ќе ви овозможиме мирни пензионерски денови“ рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.