Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Вилем Воутер Пломп.

„Мнозинството граѓани во Македонија, над 600.000 луѓе избраа промени, промените веќе се случија и никој не може да ги запре“, рече Заев.

На средбата е нагласена одговорната и принципиелна поставеност на СДСМ на провокациите што и се најмалку потребни на Македонија.

„Македонија ќе добие Влада на сите граѓани на Македонија посветена на нивните потреби, како и на потребните реформи за независно судство, медиуми, институции кои работат во служба на граѓаните. Граѓаните се одлучија за Влада што отвора перспективи и тоа е следниот чекор во започнатите демократските процеси во државата“, рече Заев.