Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шеќеринска се сретна со амбасадорите на Германија, Шведска и Полска во Македонија, Кристине Д. Алтхаузер, Матс Стафансон и Јацек Мултановски.
Констатирано е дека интерес на граѓаните и на Република Македонија е да добие стабилна Влада којашто ќе се насочи веднаш кон потребните реформи и кон евро-атлантските процеси.
Граѓаните гласаа за квалитетен живот и за перспективна Македонија. Клучот за тоа е што побрзо да се формира новото парламентарно мнозинство. Секоја друга опција значи непотребно враќање на процесите назад, што ќе одземе време, а ништо нема да смени бидејки граѓаните се одлучни и демократските промени се незапирливи“, Зоран Заев
Заев ги информирал амбасадорите за разговорите со албанските партии како и за основата на Платформата на СДСМ согласно Договорот од Пржино и забелешките нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.
„Македонија мора да оди напред. Јасна е од изборите мнозинската волја на граѓаните за промени. Затоа побаравме од Ѓорге Иванов, граѓаните и Македонија да не губат повеќе време, да постапи според Уставот и да ми го додели мандатот за формирање нова Влада. Ние очекуваме дека ќе го формираме новото парламентарно мнозинство, со што ќе обезбедиме стабилна реформска Влада, како што одлучија граѓаните, им рекол Заев на амбасадорите Алтхаузер, Стафансон и Мултановски, соопштуваат од партијата.







