Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » 30 години од убиството на италијанскиот судија Фалконе
Во Фокусот

30 години од убиството на италијанскиот судија Фалконе

мај 23, 2022Updated:мај 23, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сицилијанската мафија пред 30 години го уби судијата Џовани Фалконе со толку моќна бомба што детонацијата ја забележале научниците кои ги следеле вулканските потреси на планината Етна, на другата страна на островот.

Експлозијата која што на 23 мај 1992 година во 17.56 часот разнесе дел од автопатот крај Палермо предизвика шок во цела Италија. Тоа, меѓутоа, беше и почеток на падот на мафијата.

Загинаа судијата против мафијата Фалконе, неговата сопруга и тројца членови на полициската придружба. Мафијата во тунел на автопатот што го поврзува аеродромот со центарот на Палермо поставила 500 килограми експлозив ТНТ и амониум нитрат.

Фалконе со бел „фијат крома“ од Рим се враќал дома за викенд. Додека судијата во конвој од три автомобили минувал низ тунелот, мафијаш со прекар „Свиња“ кој извидувал од брдото над тунелот го притисна далечинскиот управувач што ја активирал бомбата.

Експлозијата ги разнела асфалтот, возилата и телата. Автомобилот што бил на чело на конвојот одлетал неколку стотици метри. Тројца полицајци од првиот автомобил загинале на лице место.

Во вториот загинале Фалконе кој бил зад воланот и неговата сопруга на совозачкото седиште. Возачот на Фалконе, кој овој пат бил на задното седиште, преживел, како и тројцата агенти од последниот автомобил.

На местото на несреќата денеска има „спомен градина“. Маслиновото масло од оваа градина се користи во сицилијанските цркви за мачкање на децата за време на крштевањата.

Фалконе беше вистинска закана за Коза Ностра, организирана криминална група која ја прослави трилогијата „Кум“ и која можеше да се пофали со пристап до највисоките нивоа на италијанската моќ.

Токму тој ги собра доказите на првите мафијашки доушници за револуционерното судење во кое во 1987 година беа осудени стотици мафијаши. За време на судењето тој беше на чело на Одделот за криминал при Министерството за правда во Рим и работеше на пакет закони против мафијата.

Неговото убиство ја крена нацијата на нозе. Ден по нападот, дневниот весник „Република“ со слика на судијата со мустаќи на насловната страница го осуди „мафијашкиот масакр“, а на улиците на Палермо протестираа илјадници луѓе.

Сите очи беа вперени во другиот судија против мафијата, Паоло Борселино, близок пријател и колега на Фалконе, кој на почетокот на јули истата година изјави дека „екстремната опасност“ во која се нашол нема да го одврати да си ја врши работата.

Само 57 дена после својот пријател, Борселино исто така беше убиен во напад со автомобил-бомба, заедно со пет членови на полициската придружба. Преживеал само неговиот возач.

Државата заради изливот на јавен бес тргна во лов по шефот на Коза ностра, Салваторе (Тото) Риина, кој за време на дваесетгодишното владеење на теророт беше вклучен во повеќе десетици убиства. Риина беше уапсен на 15 февруари 1993 година во Палермо.

„Со апсењата и признанијата на доушниците после убиствата на Фалконе и Борселино, раководство на Коза ностра беше целосно обезглавено“, изјави за АФП Винченцо Керусо, автор на неколку книги за мафијата.

Повеќе десетици луѓе се осудени за учество во овие убиства. Но, Роберто ди Бела, денес судија во судот за малолетници во Катанија, Сицилија, смета дека „сè уште има нејасни елементи иако повеќето од учесниците се осудени“.

Преживеаните сметаат дека сеуште недостасуваат некои делови од сложувалката и потсетуваат на верувањето на Фалконе дека „постојат врски на Коза Ностра со темните центри на моќ“.

„Уште не ја знаеме вистината за тоа кој всушност го наредил убиството на Џовани Фалконе, бидејќи не верувам дека необразованите луѓе како Тото Риина би можеле да испланираат напад толку софистициран како оној во Капацио“, изјави во документарниот филм за нападот на судијата, Анџело Корбо, еден од преживеаните телохранители.

Тврди дека не е единствениот кој верува дека меѓу мафијашите имало и „луѓе во костуми и вратоврски“. Сепак, истрагата за можните „тајни диригенти“ на нападот во Капакија беше отфрлена во 2013 година.

„Нема докази за помош однадвор. Нема сомнеж дека мафијата е виновна за нападите“, вели авторот Керусо.

актуелно италија Коза ностра мафија Палермо Џовани Фалконе
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.