И годинава општина Центар ќе субвенционира средства за купување нови велосипеди.
Проектот „Цел Центар на точак“, општината го спроведува четврта година по ред.
Акцијата ќе се спроведува од почетокот на месец мај, а од буџетот на општината за оваа намена се издвоени 2,8 милиони денари.
Ќе се субвенционира 30 проценти од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата, потребно е да достави барање за субвенционирање за купен производ, копија од лична карта, копија од транскакциска сметка и фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар, а правото на субвенција е еднократно.







