Почина Зоран Маџиров по седум месеци во кома

Зоран Маџиров почина денеска на 49- годишна возраст. На 7 октомври минатата  година  Маџиров, на пат кон Струмица, кај месноста „Пилаф тепе“ со неговиот автомобил на разминување се судрил во камион.

При тоа се зодбил со тешки повреди на главата, градите и нозете, по што беше итно префрлен  на скопските клиники во коматозна состојба.

Маџиров беше познат по специфичниот начин на свирење на шишиња, на светската јавност познат како „Ботлмен“. По потекло е  од Струмица, а со своето семејство живееше во Загреб, Хрватска.

Студирал музика во Германија, а во Европа настапуваше и со триото Лез Баронс.