Хроно леб со сончоглед

LinkSense.mk

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 гр. ‘ржано брашно
  • 50 гр. брашно од спелта
  • 2 полни лаижички прашок за пециво
  • прстофат сол
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 300мл. вода
  • сончоглед

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:

Измешајте ги брашното, маслото и водата и оставете ги да ферментираат. Пред да го ставите на печење, додадете сол и прашок за печиво и измешајте ги сите убаво за да биде рамномерно тесто. Ако смесата е премногу густа, додадете уште лажица масло.

Во плехот ставете хартија за печење а потоа ставете ја смесата. Со мокри раце изедначете ја смесата и потоа додадете го сончогледот, така што полека ке го натапкате во смесата за да не испопаѓа од лебот кога ќе се испече.

Плехот со тестото ставете го во рерна и печете околу еден час до еден час и половина во зависност од рераната и брашното колку вода има абсорбирано. Печете на 200 или 210 степени. При крај, доколку не сте сигурни дека е испечен, проверете со чачкалица во средината на лебот.

Од како ќе ја извадите чачкалицата, доколу има смеса на неа, тоа значи дека лебот сеуште не е испечен. Ако нешто се држи до чепкалка за заби, тогаш тоа не е. Ако треба да го продолжите печењето а сметате дека горниот дел може да изгори, тогаш покријте го со пекарска хартија.

Од како ќе го испечете, почекајте да се олади па тогаш сечете.

извор: hronokujna.com