Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува „Битола Шекспир фестивал“
Настани

Почнува „Битола Шекспир фестивал“

јуни 21, 2017Updated:јуни 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со музичко-сценски колаж насловен „Шекспир колаж“ во продукција на Народниот театар од Битола, вечер ќе биде отворен 5. Интернационален „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае до 1 јули.

Со оваа културна манифестација почнуваат активностите  кои ќе се одвиваат во рамки на културното лето „Битфест 2017“.

За време на 12-те фестивалски денови, предвидени се гостувања на шест реномирани театарски куќи од Бугарија, Русија, Казахстан, Романија, Словачка и САД кои ќе презентираат различни видувања на творештвото на Вилијам Шекспир. Со дела од англискиот драматург ќе се претстават и шест театарски куќи од Република Македонија.

На 23 јуни гостува и куклениот  театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, кој ќеја изведе претставата „Симбелин“ во режија на бугарската режисерка Лили Абаџиева. Од гостувања на странските театарски куќи, на 25 јуни е предвидена монодрамата по митови од трагедијата „Хамлет“ и претставата „Сонот на Хамлет“ на Академскиот драмски театар, Владимир од Русија. Претставата е во режија на Линас Мариус Заикаускас, а во неа учествува актерот Александар Аладишиев. За одбележување е и изведбата на претставата „Хамлет-стапица“ во режија на Куандик Касимов, а во изведба на Казак Драмски театар од Караганди, Казахстан.

На 28 јуни, Куклениот театар Тандарика од Букурешт, Романија, ќе ја изведе претставата „Сон на летната ноќ“ во режија на Кристијан Пепино. Истата вечер, пред битолската јавност ќе биде презентирана и претставата „Ричард Трети“ во режија на Џон Блонден, во изведба на театарската компанија Лит Мун од Санта Барбара, Калифорнија.

Со поддршка од Советот на уметници на Словачка, на 29 јуни, театарот Контра, Спишка Нова Вес од Словачка, ќе ја изведе монодрамата по мотиви од трагедијата „Магбет“ на Шекспир, во режија, адаптација и дизајн на Клаудина Розин.

Ќе бидат изведени и пет претстави на македонските театри кои го негуваат творештвото на Шекспир и тоа Турскиот театар ќе се претстави со претставата „Отело“  во режија на Дејан Пројковски, Драмскиот театар ќе гостува со „Венецијанскиот трговец“, во режија на Наташа Поплавска, Татарот од Штип ќе ја изведе претставата „Ричард Трети“, во режија на Пламен Морков и Театарот од Струмица ќе ја изведе претставата „Дванаесетта ноќ“ (Ноќ спроти Водици), во режија на Дејан Дамјановски.

Фестивалот ќе биде затворен со претставата „Сон на летната ноќ„ на Театарот Комедија од Скопје, во режија на Андреј Цветановски.

На „Битолскиот Шекспир Фестивал“ изминатите четири години беа изведени над 35 претстави на националните ансамбли од 15 земји од светот. Фестивалот е дел од мрежата на европската асоцијација на Шекспир фестивали во која членуваат земји кои го негуваат вербалното и сценското богатство на Шекспир.

„Битола Шекспир фестивал“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и општина Битола.

„Битола Шекспир фестивал“ „Битфест 2017“ битола Народен театар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во РЕК Битола салмонела е причина за труењето на 120 вработени

април 1, 2026

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

февруари 5, 2026

Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реaкција, поведена е истрага

јуни 18, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.