Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси, го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, објави клубот од „Камп Ноу“. Официјалниот договор ќе биде потпишан кога Меси ќе се врати од одмор.
Откупната клаузула за предвремен раскин на договорот ќе изнесува 300 милиони евра, додека годишната плата на Аргентинецот официјално не е соопштена, но се очекува тој да биде најплатен фудбалер во историјата на каталонскиот клуб со околу 30 милиони евра годишна плата плус бонуси.
„Клубот е среќен поради тоа што Меси го продолжи договорот. Тој е наш најдобар играч во историјата, целата карира ја помина во Барселона и е заслужен за големите успеси што ги постигнавме од кога е наш играч“, соопштија Каталонците.
Меси е во Барселона од 2004 година. Има освоено голем број трофеи, срушено многу клупси рекорди и рекорди во Примера.







