Надлежните власти успеале да го вратат лавот кој избегал и залутал по улиците на градот Ладисполи во локалниот циркус во близина на Рим, а градоначалникот изразил надеж дека настанот ќе ја разбуди совеста и ќе ја спречи експлоатацијата на животните во циркусот.
Градоначалникот Алесандро Грандо, кој управува со градот со околу 40.000 жители, ги повика во саботата вечерта своите сограѓани да не ги напуштаат своите домови додека полицијата и персоналот на циркусот не го фатат бегалецот.
На видео снимките кои ги објавија италијанските медиуми се гледа лав кој ноќе шета низ пустите улици.
🚨#BREAKING: A lion roams the streets in Ladispoli, Rome, Italy pic.twitter.com/AjCJpyUicx
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) November 11, 2023
Во 22.30 часот, повеќе од пет часа по првата порака до граѓаните, Грандо на својата Фејсбук страница објави дека „лавот е онеспособен и фатен“.
🇮🇹#Italy, #Ladispoli: #Lion #escaped from the #circus pic.twitter.com/3NtIkdn1q6
— Enigma Intel (@IntelEnigma) November 11, 2023
„Сега за него ќе се погрижи персоналот на циркусот“, додаде градоначалникот и им се заблагодари на итните служби и волонтерите за помошта во, како што наведе, „саатите на голема загриженост“.
„Се надевам дека оваа епизода ќе ја разбуди совеста и дека конечно ќе ја прекинеме експлоатацијата на животните во циркусот“, напиша градоначалникот.
Претпоставувајќи дека некои жители би можеле да поднесат тужби, Грандо наведе дека тој не го одобрил доаѓањето на циркусот со лавови во градот, но и дека нема овластување тоа да го спречи.







