Владите на Република Македонија и на Република Грција со свечена церемонија го потпишаа договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.
Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот во преговорите, амбасадорот Метју Нимиц.
На свечената церемонија, се обратија премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
На церемонијата присутсвуваа Потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини и Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.
Во составот на македонската делегација се вицепремиерите Радмила Шекеринска Јанковска, Бујар Османи, Оливер Спасовски.
Грчката делегација ја предводи претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас.
(Фото: Макфакс)







