Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Романот „Друга мајка“ на Драгица Најческа издаден на руски јазик
Култура

Романот „Друга мајка“ на Драгица Најческа издаден на руски јазик

март 3, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Романот „Друга мајка“ на Драгица Најчевска деновиве е објавен на руски јазик во издание на издавачката куќа „У Никитских Ворот“ од Москва. Преводот го направи Олга Панкина, која е и промотор на македонската книжевност во Русија повеќе децении.

Романот обработува еден граничен настан од летописот на Скопје и судбината на неговите жители, страотниот земјотрес од јули 1963 мгодина. Трагичната судбина на едно семејство е раскажана преку психологијата на десетгодишното девојче Христина и нејзината помала сестричка, чија мајка погинува во земјотресот. Најческа во романот гради и позитивен лик на маќеа. Ликот на маќеата во нејзиниот роман е всушност битка против заблудите, предрасудите поврзани со маќеата и обид да се тргне неправдата нанесена на сите оние жени кои несебично им ја подаруваат љубовта на децата кои не ги родиле.

Најческа не ѝ е непозната на руската читателска публика. Во 2010 година, издавачката куќа „Парабола“ од Москва го објави на руски јазик и во превод на Олга Панкина нејзиниот роман „Омраза – длабоко“, а нејзини раскази и поетски творби се застапени и во збирките „Современа македонска поезија“ и „Раскази“, преведени и уредени од Панкина и издадени на руски јазик.

Објавувањето на романот „Друга мајка“ на руски јазик е уште еден чекор во афирмацијата на македонската литература во светот.

Првиот роман „Пеперуга со натопени крилја“, Најческа го објавува во 1969 година. Од тогаш до денес остави забележливи траги во сите литературни видови, објавувајќи ги и романите „Друга мајка“, „Крстопати“, Омраза-длабоко“, „Доживотна јамка“ и „Куќа на езеро“, збирките раскази „Раскази“ и „Потрага по скриеното“, расказите за деца „За глувчето, мачките, за мечките, рипчињата, зајачињата, лисичињата и… дечињата“, збирките поезија „Неспокој“, „Вратете ми го сонот“, „И крв и смрт и надеж“ и „Распетие на душите“. Во 2011 година, издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје го објави шестомното издание на нејзините Избрани дела, под уредништво на Веле Смилевски.

Драгица Најческа Друга мајка“ роман руски јазик
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.