Кавадаречкото Јавно претпријатие „Паркинг” сиот износ што денес ќе го собере од наплатени СМС-пораки и од поставени блокатори ќе го донира на Црвен крст за реонот погоден од земјотрес во Турција и Сирија.
Оттаму повикаа да се донира за помош и поддршка на населението зафатено од земјотрес.
Советот на општина Кавадарци на вонредна седница одобри 900 илјади денари од општинскиот буџет за настраданите во Турција и Сирија.
На сметка на амбасадата на Турција ќе бидат уплатени 600 илјади денари, а 300 илјади денари на сметката на Црвен крст на Македонија, за жртвите од земотресот во Сирија.
Општинските советници пред почнување на седницата со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во земјотресот.







