Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Гранит“ и „Бетон“ ќе го градат новиот Клинички центар во Скопје
Градежништво

„Гранит“ и „Бетон“ ќе го градат новиот Клинички центар во Скопје

април 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании „Бетон“ и „Гранит“ во соработка со една италијанска компанија, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

– Оваа понуда е избрана како најприфатлива за доделување на договорот за изведба, а истовремено ги исполнува сите услови кои се предвидени за изградба на вакви комплексни објекти. Изборот е направен врз основа на добивање на одобрување од страна на Банката на Советот на Европа. Комисијата за секој чекор и одлука добиваше одобрение од стручен тим на Банката за развој на Советот на Европа – истакна Тодоров.

Посочи дека со заокружување на оваа фаза од постапката се става крај на сите шпекулации и коментари, дека овој проект е само празно ветување и, како што рече, ова покрај тоа што е еден од најсериозни проекти за македонското здравство во овој момент е еден од најсериозните проекти и за Банката на Советот на Европа и во целиот процес се вклучени врвни експерти.

– Потпишувањето ќе биде по доставување на валидната банкарска гаранција од понудувачот за квалитет на изведбата во вредност од 10 проценти. Оваа процедура трае од 15 до 25 дена. Почетокот на изведбата се очекува да биде во тек на јуни 2017, а изведувачот ќе работи во фази со цел да се овозможи непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје – рече Тодоров.

Нагласи дека прво ќе се обезбедат времени пристапни патишта во рамки на Клиничкиот центар, како и трансфер на Клиниките за неврологија, кожна и очна клиника во простор каде ќе ги извршуваат своите функции додека трае градбата.

– Рокот за завршување на градбата на новиот Клинички центар е предвиден за 45 месеци. Вкупната новопроектирана нето површина на оваа зграда изнесува 47 илјади метри квадратни, околу 6,5 илјади метри квадратни проодни тераси и покривни градини. Зградата се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром хелидром за транспорт на пациенти на десеттото ниво со површина од 531 метар квадратен – нагласи Тодоров.

Според него, станува збор за грандиозен објект, што заедно со објектот со кој се спојува, ќе има нето површина од повеќе од 70 илјади метри квадратни и ќе внесе голем број подобрувања во секојдневните активности на Клиничкиот центар.

– Сите системи вградени во зградата за приоритет го имаат третманот на пациентот и неговото олеснето и ефикасно движење – од системот за болничка сигнализација и означување во кој е вклучена и најсовремена дактилна сигнализација за слепи лица, преку зголемување на капацитетот на вертикалниот болнички транспорт со нови 5 болнички лифтови, па се до сместувачките капацитети во болничките соби кои се исклучиво апартмански со еден или два кревети и тоалети во секоја соба и содржат автоматизирана климатизација и вентилација со филтриран воздух, системи за повик на сестра, централен систем за медицински гасови кој за првпат ќе биде инсталиран 100 процентно во сите болнички и соби за интервенции – истакна Тодоров.

Како што вели Тодоров овој систем за првпат ќе се примени во јавното здравство во Република Македонија со комплетна изолација и третман на секој пациент, при што сите строги критериуми за климатизација и потребен над и под притисок во кабините, предпростории за филтер и услови за стерилност ќе бидат обезбедени.

– Оваа инвестиција претставува круна во македонскиот здравствен систем. Со оваа инвестиција го унапредуваме највисокото ниво на здравствена заштита, терциерното ниво, на кое се третираат и најсложените и најкомплексните здравствени состојби, а за кои условите со новиот Клинички центар ќе бидат подигнати на едно многу повисоко и посовремено ниво. Кога ќе се изгради ќе биде најсовремен здравствен објект во поширокиот регион на Југоисточна Европа – изјави Тодоров.

Бетон Гранит Клинички центар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Влезот во „Шенген“ го зголемува интересот на странците за хрватските недвижности

октомври 17, 2022

Германските градежници во големи проблеми

април 23, 2022

Мирна ноќ за дежурните екипи во Клиничкиот центар

јануари 1, 2021
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.