Амбасадата на САД во Скопје го осуди насилството во Парламентот во секоја смисла на зборот. Со осуда, повик за смирување и повик до полицијата да обезбеди безбедност за сите, реагираа и високата преставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и комесарот Јоханес Хан.
„Со најсилни зборови ги осудуваме нападите кои се во тек врз членовите на Парламентот во Скопје. Насилството во Парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржување. Министерството за внатрешни работи и полицијата мораат да осигураат безбедност во Парламентот и неговите членови.
Демократијата мора да продолжи по нејзиниот тек. Ние позитивно го поздравуваме изборот на Талат Џафер како претседател на Парламентот како што беше соопштено.
Европската унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот начин да се оди напред и бараме од сите политички актери да го почитуваат Уставот во земјата и да се однесуваат во духот на демократските принципи, со здрав разум и пристојност”, велат Могерини и Хан.
Амбасадата на САД, пак, во своето соопштение напиша:
„Тоа не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин за решавање на разликите. Тоа е критично. Сите страни ги почитуваат демократските процеси според законите и ги повикуваме да се воздржат од насилни активности кои ја влошуваат ситуацијата.
Мнозинството пратеници го избрани Талат Џафери за претседателот на Собранието за време на редовна, континуирана седница на Собранието. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата и да ги унапредиме интересите на Македонија“.







