Вкупните директни странски вложувања во првиот квартал во 2017 година изнесуваа 210.8 КМ (нето финансиска пасива) и поголеми се за 28,7 % во однос на истиот период од минатата година, соопшти Дирекцијата за економско планирање во макроекономската анализа.
Од споменатиот износ, реинвестираните заработки во првиот квартал годинава изнесуваа 123,4 милиони КМ и поголеми се за 5,6 отсто во однос на истиот минатогодишен период.
Реинвестираните заработки сочинуваат околу 58,5 отсто, односно нешто повеќе од половината од нето финансиската пасива и нивниот удел во вкупните вложувања се намали во однос на минатата година во истиот период, кога изнесуваше повеќе од 70 отсто.







