Еден од најдобрите европски плејмејкери, Милош Теодосиќ, дебитираше во официјален натпревар од НБА лигата и неговиот Лос Анџелес Клиперс во градското дерби ги победија Лејкерски – 108:92.
Капитенот на српската репрезентација се најде во стартната постана на Клиперси и за 21 минута потполно го надигра Лонз Бол (само три поени), сензацијата од противничкиот табор, вториот пик од овогодинешниот драфт.
Веќе во првата четвртина Теодосиќ погоди тројка, но неговото деби го одбележа она што најдобро знае да го прави, да проигрува соиграчи.
За 21 минута постигна шест поени, имаше еден скок и шест асистенции во свој стил дури и една блокада.
Одлично соработуваше со Блејк Грифин кој беше најефикасен со 29 поени (12 скокови), а го следеа Деандре Џордан со 14 и дури 24 фатени топки, односно Данило Галинари со 11 поени.
Кај Лејкерси се истакнаа брук лопез со 20 и Џордан Кларксон со два поени помалку.
Резултати:
Торонто-Чикаго 117:100
Оклахома-Њујорк 105:84
ЛА Лејкерс-ЛА Клиперс 92:108








