Политичката независност е осудена да биде само на хартија, доколку не е поддржана од економијата и технологијата, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара на церемонијата на доделување на наградите во Советот за научно и технолошко истражување на Турција.
Тој ги истакна османлиските достигнувања и кажа дека модерна Турција не успеала да го задржи тоа темпо на иновации.
„Пири Реис успеа да нацрта точни детални мапи на американскиот континент, Атлантскиот Океан и крајбрежјата на Африка, рече турскиот претседател, говорејќи за отоманскиот навигатор, кој ја изработил една од најраните светски карти во 16 век.
Турскиот претседател го спомена и Хезарфен Ахмет Челеби, кој според приказните, прелетал преку Босфор од истанбулската кула Галата во 17 век со помош на крила.
„Зошто турскиот народ ја загуби оваа позиција, како внуци на таквите предци кои имаа бројни достигнувања. Некои велат дека ова е поради недостог на пари, некои го поврзуваат со работната сила, а некои други укажуваат на самата држава или академиците како извор на проблемот, нагласи Ердоган.
Тој смета дека најголема потреба на Турција не се парите, нафтата, дијамантите или оружјето.
„Турците треба да престанат да ги следат и имитираат другите и да почнат да бидат во првите редови за да бидат имитирани и следени, истакна Ердоган во обраќањето.







