Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Берово меѓу најпосетените градови за празниците
Градови

Берово меѓу најпосетените градови за празниците

јануари 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Берово во изминатите десетина дена беше едно од најпосетените места во Македонија. Причина за ова како што наведуваат туристичките работници се Новогодишните и Божикните празници кои придонесоа во најголем дел да бидат резервирани сите поголемите туристички капацитети во градот. Меѓу најбројните гости, според угостителите, се туристите од Бугарија, но и гостите од Скопје.

„Имаше голема посетеност во Берово, посебно во туристичката населба Беровско Езеро. Задоволни сме бидејки туристи кои минатата година овде поминале убави моменти, не рекламираа кај други туристи со што ја ширеа приказната за нашата гостопримливост. Тоа ни годи и е за нас е приоритет. Годинава имавме туристи од Скопје, Штип, Кавадарци и Струмица, а секако меѓу најбројните беа гостите од Република Бугарија, вели Владо Стоиловски, сопственик на приватен туристички комплекс во туристичката населба Беровско Езеро.

Во оваа населба има околу 70 туристички објекти кои годинава успеаја да ги задоволат потребите на гостите кои покрај чистиот воздух, најмногу го посетуваат Берово и поради добрата храна.

„Ни се допаѓа овде, воздухот е чист, гратчето прекрасно. Еве сега има и снег што ја надополнува целата приказна. Овде исто така има многу објекти кои нудат добра храна поради што и најчесто сме тука, речиси 3-4 пати во годината доаѓаме само поради преубавото јадење, вели гостинка од Благоевград.

Развојот на туризмот во Малешевијата годинава се зајакнува со уште еден важен проект кој оди во прилог на убавата слика за туристичко Берово. Во 2019 година е најавено интензивирање на работите за конечно започнување со работа на граничниот премин „Клепало“, кој уште повеќе ќе ги зближи граѓаните од двете страни на границата. Се очекува тоа на Берово да му донесе повеќе гости од Бугарија, но и значително да влијае за уште поголем развој на туризмот во Берово.

берово туристи угарија празници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026

УХМР со временска најава за продолжениот викенд

октомври 8, 2026

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.