Актерката и пејачка Пливија Њутн Џон (71), најпозната по улогата во филмот „Брилијантин“ ќе продаде околу 500 свои предмети на аукција, а меѓу нив се и панталоните од завршната сцена на познатиот филм.
Сиот приход од продадените работи на аукцијата ќе биде даден во добротворни цели, пренесува интернет порталот TVNZ.
На аукцијата ќе биде понудена и розевата виндјакна која ја носеше во филмот, како и црна кожна виндјакна која исто така ја носеше во завршната сцена на филмот.
Познатата актерка инаку се бори со ракот на дојка, кој прв пат и беше дијагностициран во 1992 година.







