Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
- Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
- Силна бура во Словенија активираше свлечишта
- Нестабилно време во Македонија
- Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
- Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
- Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
- Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Автор: Томислав Кежаровски
Американската компанија „Епл (Apple)“ вчера се согласи на спогодба од 250 милиони долари по тужбата во којашто се обвинува технолошкиот гигант за заведување на купувачите на „Ајфон (iPhone)“ поради доцнење на надградбите на вештачката интелигенција на неговиот гласовен асистент „Сири (Siri)“. Спогодбата, којашто сè уште бара одобрение од федерален судија во американската сојузна држава Калифорнија, се очекува да им користи на клиентите во САД кои купиле одредени понови модели на „Ајфон“. Случајот е насочен на доцнењето на ВИ-надградбите за гласовниот асистент. „Епл“ го најави подобрениот „Сири“ на својата Конференција за развивачи во јуни 2024., а исто така, привремено го рекламираше…
Повеќе од половина од бројот на езера во светот се намалиле од почетокот на 90-тите главно поради климатската криза и високата потрошувачка на вода од страна на луѓето, покажа голема меѓународна студија. Езерата (и природни и вештачки) губат просечно 22 гигатони вода годишно, од 1992 до 2020 година – објавува „Гардијан“. Во таа смисла, дури 53 отсто од езерата забележале пад. – Ова не треба да се игнорира – рече Фангфанг Јао, хидролог на Универзитетот во Вирџинија. Истражувањето открило значителна загуба на вода, дури и во влажни области и подрачја. Оваа состојба ги зголемува загриженостите за снабдувањето со вода за…
Микробиологот и професор Никола Пановски за Фокус вели дека нема простор за паника околу Хантавирусот за кој деновиве се пишува на социјалните мрежи и во медиумите, посочувајќи дека не станува збор за нов вирус и дека ризикот за населението е многу мал. „Вирусот е опасен за тие што се заразени, но за населението генерално нема опасност. Не се пренесува лесно од човек на човек, такви случаи се многу ретки. Самиот вирус не е нов, постои со децении и во светот има околу 150.000 случаи годишно“, вели Пановски. Тој додава дека случајот е интересен за јавноста бидејќи бил регистриран на крузер,…
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со честа појава на локални врнежи од…
Додека граѓаните и компаниите ширум светот се соочуваат со раст на цените и економска неизвесност поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, дел од најголемите светски корпорации бележат рекордни профити. Нафтените компании, големите банки и одбранбената индустрија се меѓу најголемите добитници од кризата што ја потресе глобалната економија. Најсилното влијание од конфликтот се чувствува на енергетските пазари. Тензиите и блокадата на Ормутски Теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и гас, предизвикаа остар раст на цените на енергенсите и дополнителен притисок врз светската економија. Европските и американските енергетски компании веќе пријавуваат значителен раст на заработката. Британскиот BP…
Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел сесии со учество на министри, заменици-министри и претставници на меѓународни организации. На отворањето ќе се обратат и министрите за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо…
Дванаесет години затвор му изрече судијата Ивица Стефановски на Стојанче Јовановски обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана чиј живот оконча на 2 март годинава со пад од балкон заедно со шестгодишната ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар. За првпат во Македонија е изречена казна за наведување на самоубиство како кривично дело. За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека доколку Украина ги спроведе своите криминални планови во текот на деновите на прославата на Големата победа, руските вооружени сили ќе започнат одмазднички удар, вклучително и врз центрите за донесување одлуки. Ова го соопшти прес-службата на руското Министерство за надворешни работи. Според Захарова, Министерството за надворешни работи испратило нота до сите акредитирани странски дипломатски мисии и претставништва на меѓународни организации поради заканите од украинската страна за напад врз Москва на 9 мај. Таа рече дека руското Министерство за надворешни работи силно ги повикува властите на странските држави и раководството на…
Европските берзански индекси бележат пораст од над еден процент, додека цените на нафтата продолжуваат со падот. Овој тренд на пазарот доаѓа како резултат на зголемениот оптимизам за потенцијален крај на конфликтот меѓу САД и Иран. Според берзанските податоци од 10:00 часот, цената на суровата нафта забележа пад од 3,06 проценти и се тргува за 99,126 долари, додека нафтата од типот „Брент“ падна за 2,61 процент на 106,955 долари. Главна причина за ваквите движења е последната објава од Вашингтон. „Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави пауза во операцијата ‘Проект слобода’ околу Ормутскиот теснец, наведувајќи ‘значаен напредок’ кон сеопфатен мировен договор меѓу…
Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа Фондот за здравствено осигурување да разгледа измени во правилникот. Директорот на Фондот, Сашо Клековски, вели дека контролите во институциите се значително засилени и двојно зголемени во споредба со минатата година, при што најголем број барања за контрола пристигнале од Министерството за одбрана. „Контролите за нас се и поука каде постојат слабости во системот. Продолжуваме и оваа година, а сега имаме и зголемено барање од Министерството за одбрана. Целта е систематизирање на проблемот“, изјави Клековски. Тој додава дека се прават анализи за подобрување на системот и дека е формирана работна група за измени на…













