Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Европските берзански индекси бележат раст, додека цената на нафтата Брент бележи благ пад на 103 долари, по новите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат Иран пред изборите за Конгрес на 3 ноември. Тој додаде дека Вашингтон и Техеран водат „продуктивни разговори“. Според податоците од берзата, Брентот утрово во 9:30 часот падна за околу 0,96 отсто, на 103,220 долари за барел, додека американскиот WTI забележа пад од околу 0,71 отсто, на приближно 90,808 долари. Во исто време, Трамп истакна дека американската поморска блокада на Иран останува на сила и повтори дека на Техеран нема да…
ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона 2026/2027, чиј официјален почеток е предвиден за 15 октомври. Од компанијата потсетуваат дека редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е обврска на потрошувачите, а сите завршени интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи. За непречена испорака на топлинска енергија неопходно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и нивно редовно снабдување со електрична енергија. Од ЕСМ апелираат до заедниците на сопственици навремено…
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност, при што локално ќе има поројни врнежи, засилен ветер и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, со над 20 литри на квадратен метар, особено в недела. Локално се очекува нестабилност со појава на невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во опаѓање. Во вторник, под влијание на постуден воздушен бран, на некои од повисоките планини дождот ќе преминува во снег.
Италијанскиот парламент вчера ја одобри реформата на изборниот систем, со што ѝ донесе важна политичка победа на премиерката Џорџа Мелони, но истовремено отвори можност за уставен спор околу новите изборни правила. Предлогот за реформа, кој поддржувачите и критичарите го нарекуваат „Стабиликум“ или „Мелонелум“, предвидува промена на постоечкиот мешан изборен систем и воведување целосно пропорционален систем. Долниот дом на италијанскиот парламент ја усвои реформата со тајно гласање – 227 гласа „за“ и 164 „против“ – со што законот го доби конечното парламентарно одобрение по повеќемесечна дебата. Најважната новина е воведувањето на еден вид бонус за мнозинството, со кој на победничката предизборна…
Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести, соопшти тамошното Министерство за образование, а пренесе парискиот весник „Монд“. Тоа претставува помалку од четири отсто од вкупно 3.700 училишта во Франција, а таа бројка остана непроменета во однос на четвртокот. „Повеќе од 96 отсто од средните училишта се отворени“, соопштија од Министерството, додавајќи дека во четвртокот биле пријавени 157 затворени училишта. Движењето на протести на средношколците започна на 18 септември во училиштата во посиромашните предградија на Париз, по што се прошири и во остатокот од земјата. Учениците кои ги блокираат училиштата укажуваат на проблеми како што…
Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој. „Алкалоид“ годинава го бележи своето 23. учество на CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), водечки глобален настан кој ги поврзува чинителите од целиот фармацевтски синџир. Годинашното 37. издание на CPHI се одржува од 6 до 8 октомври во Милано, Италија, обединувајќи ја фармацевтската заедница на едно место заради вмрежување, размена на знаења, претставување иновации и создавање нови деловни можности. Годинашното учество на „Алкалоид“ на CPHI Milan 2026 се одвива…
УХМР ја објави временската прогноза за продолжениот викенд кој е пред нас. Неработен ден за сите граѓани е 11 Октомври – Денот на народното востание. Бидејќи празникот во 2026 година се паѓа во недела, неработен ќе биде понеделник, 12 Октомври. -Во петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст, информира УХМР.
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат денеска во Софија, на маргините од Меѓународната конференција за развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8. Средбата е и официјално потврдена, а како што информира вчера премиерот Христијан Мицкоски, форматот и начинот на нејзиното одржување дополнително ќе бидат утврдени. -Во текот вчерашниот ден добивме официјална потврда за билатерална средба, а форматот и начинот дополнително стои во дипломатската нота дека ќе бидат договорени. Така што утре ќе има билатерална средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе…
Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова пред меѓународниот форум за Коридорот 8 во Софија. Според неа, Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување, пренесе дописникот на BGNES. „Коридорот 8 е проект од стратешко значење за нас и со години е приоритет; сепак, работата на него не секогаш се одвивала со потребното ниво на активност“, изјави Петрова. Таа…
Денес сме тука да работиме за подобри односи за утре, изјави европската комесарка за проширување, Марта Кос, кога пристигна на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија. „Бугарија е порта кон Европа за регионот на Црното Море, како и за Турција, а Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) играат многу важна поврзувачка улога“, рече Кос. Таа посочи дека во регионот се спроведуваат повеќе од 130 проекти, вклучувајќи изградба на нови патни и железнички линии и подобрување на граничните премини. „Но, мојата визија како комесар за проширување оди многу подалеку. Мојата визија е…













