Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
Стопанската комора вчера ги презентираше своите предлози за измени на Законот за празниците, со кои ќе се побара намалување на празниците во календарската година. Оттаму набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник. На вчерашната прес-конференција, проектниот менаџер во Стопанската комора, Анета Димовска, истакна дека предлогот не предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови. – Нашиот предлог нема да…
Мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец септември 2026, се карактеризира како топол, потпросечен во Скопје и југозападниот регион и просечен во остатокот од државата во однос на количествата на врнежи. Средномесечната температура се движеше од 14,2 степени во Маврово до 22,4 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура беше 1,0 степен натпросечна на ниво на држава, соопшти УХМР. Највисоката максимална температура беше измерена на 1 септември во Демир Капија и изнесуваше 38,7 степени. Најниската минимална температура, пак, е измерена во Берово, на 24 џептември и изнесуваше -1,9 степени. Во септември,…
Од ноќеска на полноќ, цените на бензините и на дизелот се намалуваат за 1,5 и за три денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 6.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 100,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 49,597 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за…
По 8 Септември – Денот на независноста, до крајот на 2026 година граѓаните ги очекуваат уште неколку неработни денови. Следниот неработен ден за сите граѓани е 11 Октомври – Денот на народното востание. Бидејќи празникот во 2026 година се паѓа во недела, неработен ќе биде понеделник, 12 Октомври. Потоа следува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој оваа година се одбележува во петок и ќе биде неработен за сите граѓани. Во декември, неработен ден за сите е 8 Декември – „Св. Климент Охридски“, кој во 2026 година се паѓа во вторник. Така, до крајот на годината остануваат уште три неработни денови за…
Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Според најавите од УХМР, и во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува…
Фото: ДПА Годинашниот Октоберфест во Минхен привлече рекордни 7,4 милиони посетители, соопштија градските власти, надминувајќи го претходниот рекорд од 7,2 милиони поставен во 2023 година, јавува ДПА. „Со ова, Октоберфест 2026 стана најпосетениот во својата долга историја“, изјави денеска директорот на фестивалот, Кристијан Шарпф, користејќи го локалниот назив за настанот – „Визн“ (Wiesn). Бројот на посетители порасна, а со тоа и продажбата на пиво: според градските власти, испиени се вкупно 6,7 милиони литри пиво, што е за 2,7 отсто повеќе отколку во 2025 година, кога посетителите испиле 6,5 милиони литри. Продавачите на храна пријавија зголемување на продажбата од два до…
Помеѓу 400 и 500 средни училишта во Франција денеска ќе бидат целосно или делумно затворени поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти беа запалени или вандализирани, објави денеска францускиот министер за образование Едуар Жефре. „Наставата во петокот беше прекината во помеѓу 400 и 500 институции, а веројатно ќе има приближно ист број и во понеделник, но со делумно и постепено продолжување на наставата“, рече Жефре, пренесува Фигаро. Францускиот министер изјави дека од почетокот на протестот, 78 вработени во образовниот систем се повредени. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови, или поради материјална…
Зимското сметање на времето годинава, според одлуката на Европската комисија ќе почне на 25 октомври
Зимското сметање на времето годинава, според одлуката на Европската комисија, ќе почне на 25 октомври кога стрелките на часовникот ќе се вратат од 03.00 на 02.00 часот, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. Распоредот е изготвен врз основа на важечките правила, така што тоа не значи дека промената на часовникот дефинитивно ќе остане до 2031 година. Доколку во меѓувреме се донесат нови регулативи на ЕУ, промената двапати годишно би можела да се укине порано. Поместувањето на часовникот за еден час наназад, со преминувањето на зимско сметање на…
Октомври 2026 година нонстоп носи исклучително динамична астролошка слика која претставува совршена прелудиум за зимата. Влијанието на ретроградните планети, пред сè Венера, како и Младата Месечина во Вага и влегувањето на Сонцето во знак Шкорпија, ќе ги принудат сите хороскопски знаци да ги преиспитаат емоциите, да донесат важни животни одлуки и да расчистат со минатото. Еве што им претстои на поединечните знаци во текот на овој месец: Овен: Акцент на финансиите и заедничките ресурси под влијание на ретроградната Венера. Младата Месечина во Вага носи стабилност во комуникацијата, додека Сонцето во Шкорпија ја разгорува креативноста, но бара детална работа поради Сатурн. Крајот…
Албанската Централна банка пред неколку дена соопшти дека Турција е најголемиот странски инвеститор во Албанија. Турските инвестиции во Албанија во вториот квартал од годината изнесуваат 64 милиони евра, додека Австрија вложила 62 милиони евра. Странските инвестиции во Албанија во периодот од април до јуни 2026 година вкупно изнесуваат 741 милиони евра. Но, податоците на Централна банка за вториот квартал покажуваат пад на инвестициите од Обединетите Арапски Емирати, Кина, Норвешка, Шведска и Србија во Албанија. Фото: МИА













