Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
- Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
- Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
- „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
- ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
- Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
- ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
- Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Автор: Томислав Кежаровски
Фото: Foto: Pixabay/stevepb Германската министерка за економија, Катерина Рајхе, подготвува нацрт-закон со кој би им се овозможило на термоелектраните на јаглен и нафта, кои се наоѓаат во резерва, привремено да се вратат на пазарот на електрична енергија, со цел да се намали потрошувачката на природен гас и да се ублажат ризиците во снабдувањето со енергија, објавија денеска германските медиуми. Планот е подготвен во услови на ескалирачки конфликти на Блискиот Исток, кои ги блокираа транспортните рути и ги оштетија капацитетите за извоз на енергенси, со што се ограничува достапноста на фосилните горива и се зголемува ризикот од недостиг на природен гас…
Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше по случајот со бруталното насилство врз младата Сара од Охрид, повикувајќи ги надлежните институции да постапат без никакви привилегии и да утврдат одговорност за сите инволвирани. Повод за нејзината реакција се информациите дека членови на семејството на осомничениот наводно се обиделе да влијаат врз случајот и да го прикријат настанот. „Да не ви паднало на памет да ги штитите!!!“, порачува Зајкова, барајќи осомничениот да одговара за обид за убиство, а лицата кои, според сведочењата, му давале инструкции по нападот да понесат одговорност за помагање. Таа посочува дека не треба…
Кривична пријава за тешка телесна повреда е поднесена против 31-годишниот охриѓанец осомничен дека брутално ја нападнал својата 26-годишна девојка, која по нападот беше оставена без свест. СВР Охрид го товари за кривично дело „тешка телесна повреда“. Според информациите од полицијата, нападот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ. Расправијата започнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил, каде физички ја нападнал девојката. Насилството продолжило и откако го запрел возилото. Девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде лекарите ѝ констатирале тешки…
Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март 2027 година. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат казна од 45 евра, односно околу 2.770 денари. Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. За патничките возила со маса до 3.500 килограми, зимска опрема подразбира зимски гуми на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри. Возачите можат да користат и летни гуми на сите четири тркала,…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во Даблин изјави дека Европа ќе ја поддржи Украина и за време на војна и во мир, нагласувајќи дека ги поздравува разговорите за прекин на конфликтот што се одржаа во Абу Даби. По пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), Фон дер Лајен рече дека е важно европските претставници да учествуваат во разговорите во Абу Даби со цел да се заштитат интересите на Европа, но и затоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски побара нивно учество. „Тој побара Европејците да го поддржат во овие преговори и ние ќе ја поддржиме Украина,…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение тврди дека документите поврзани со Алта банка ги побиваат обвинувањата на СДСМ и Венко Филипче за нејзиното влегување на македонскиот финансиски пазар. Од партијата велат дека банката немала забрана за работа во Европската Унија, ниту била санкционирана од Европската централна банка. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека во 2023 година, за време на владата на СДСМ и ДУИ, на 194. седница одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал Владата да одобри Државното правобранителство да воспостави деловни односи со Алта банка од Србија, во сопственост на Давор Мацура. Според партијата, ова покажува дека тогашната влада ја…
СДСМ преку соопштение обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски ја брани Алта банка и бара од обвинителот Ненад Савески веднаш да постапи по кривичната пријава што партијата ја поднела против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Од СДСМ велат дека документите за влезот на Алта банка во Македонија треба да го откријат потеклото на капиталот, трансакциите и сметките, за кои партијата тврди дека се поврзани со криминални структури во Србија. Според СДСМ, Мицкоски и Славески имале улога во влезот на банката во Македонија, а Славески јавно признал дека одлуката ја донел по консултации со премиерот. Партијата наведува дека во Србија се…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја започна расправата за Предлог-буџетот за 2027 година во второ читање. Комисиската дебата ќе трае 10 дена, од кои четири се предвидени за општ претрес, а шест за разгледување на поднесените амандмани. За предложениот буџет се поднесени повеќе од 300 амандмани од овластени предлагачи, кои ќе бидат разгледувани во текот на комисиската постапка. Со Предлог-буџетот за 2027 година се планирани вкупни приходи од 395,4 милијарди денари, што претставува зголемување од 5,7 отсто во однос на 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, односно раст од 4,8 отсто. Буџетскиот дефицит е…
Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на улиците „Марко Крале“, „Зуфер Мусиќ“ и дел од улицата „Хо Ши Мин“. Причина за прекинот е дефект на огрлица на улицата „Марко Крале“ бр. 54, на крстосницата со „Хо Ши Мин“. Водоснабдувањето е прекинато од 9 часот и ќе остане во прекин до завршување на санацијата на дефектот.
Европските берзански индекси денеска бележат благ пад по силниот раст во претходните денови, додека суровата нафта Брент се искачи над 96 долари за барел. Внимателноста кај инвеститорите се должи на неизвесноста околу развојот на вештачката интелигенција, очекувањата за каматните стапки во САД и геополитичките тензии на Блискиот Исток. Според берзанските податоци од 9:30 часот, нафтата Брент поскапе за 0,69 проценти и достигна 96,405 долари, а лесната сурова нафта WTI порасна за 0,35 проценти на 89,053 долари. На берзата TTF во Амстердам, европските фјучерси за гас за декември се тргуваа по цена од 95,080 евра за мегават-час, односно околу 998 евра…













