Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
- Цената на нафтата паѓа
- ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
- Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
- Италија го менува својот изборен систем
- Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
- „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
- УХМР со временска најава за продолжениот викенд
- Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Автор: Томислав Кежаровски
„Јас сум секогаш тука за Македонија“, вели генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 одговарајќи на прашања за можен ангажман во политиката. Тој открива дека во изминатите 15 години добил неколку понуди, од кои две биле сериозни и се однесувале на врвни политички позиции, но не прецизира за кои функции станувало збор. На дополнителното прашање дали му било понудено да биде претседател на државата или премиер, Мукаетов одговара: „Па. не би конкретно да одговарам на тоа прашање и сметам дека придонесот кон сопствената земја не треба да се гледа само низ призма на…
Земјотресот е регистриран во 14 часот и 4 минути, а почувствуван е и во Битола и околината. Земјотрес од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14 часот и 4 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците, епицентарот е лоциран во Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје. „Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се наведува во објавата на Сеизмолошката опсерваторија. Од Опсерваторијата упатија и повик до граѓаните за прибирање податоци за сеизмолошките истражувања и апелираат…
Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска. Намалената даночна стапка почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните. Владата треба да одлучи дали повластеното ДДВ за дизелот ќе продолжи да важи и во наредните две недели. Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата што ќе важат во следните седум дена. Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на дизелот се зголеми на 104,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 е 99 денари, а Еуросупер БС-98…
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на Бошњаците во Македонија им го честита 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Како што наведува во честитката, Бошњаците се релевантен субјект во политичкото одлучување и економскиот развој на земјата и имаат не само уставно загарантирано право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет, туку и реално да го остваруваат. -Вие не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал. Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да го изразувате, негувате и развивате својот идентитет преку културни, уметнички и образовни институции и здруженија, туку и реално да го…
Тој вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. При таа прилика, тој ѝ ги предаде и сите важни документи, како и печатот. – Со каква леснотија ја прифати должноста, а денес е и роденден на Ана – рече Вучиќ. Брнабиќ потоа истакна дека е среќна бидејќи знае дека Вучиќ сега оди меѓу народот. Потоа му се заблагодари на Вучиќ за неговата борба за Србија. – Никогаш претходно сме немале таков претседател, ниту пак ќе имаме – човек кој беше толку пожртвуван и кој сè остави настрана заради Србија. Чест ми е што ја преземам оваа должност од таков човек…
Европската унија подготвува посебни патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија, кои би им дале на тие четири земји појасни рокови и услови за напредок кон членство, објави бриселски „Политико“, повикувајќи се на двајца високи функционери на Европската комисија. Се разгледуваат насочени „патокази“ за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија, изјавија за ПОЛИТИКО двајца високи претставници на Европската комисија кои работат на нацрт-предлозите, како дел од напорите да се забрза деценискиот процес. Тие побараа анонимност да зборуваат за чувствителните планови. Четирите земји се сметаат за фаворити за влез во ЕУ. Додека Брисел долго време ги поддржува нивните кандидатури за…
Од март 2027 година Македонија ќе добие директна авионска врска со Дубаи, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, договорот е веќе постигнат, а новата линија ќе ја оперира авиокомпанијата „Флајдубаи“. Летовите треба да започнат со почетокот на летната сезона на летање, во март следната година. Николоски оцени дека воспоставувањето на оваа авиолинија ќе има значајно влијание врз развојот на туризмот, но и врз економските и деловните односи меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати. „Тоа е веќе договорено и ‘Флајдубаи’ ќе почне во март 2027 година да лета директно од Дубаи до Скопје“, изјави Николоски во Собранието…
Септемвриското усогласување на пензиите во Македонија ќе изнесува 3 отсто, согласно со формулата утврдена во член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Зголемените пензии ќе се исплатат на почетокот на октомври, бидејќи пензијата се исплаќа за претходниот месец. Законското усогласување се врши двапати годишно – во март и септември. При пресметката се земаат предвид два показатели: 50 отсто од растот на трошоците на живот и 50 отсто од растот на просечната исплатена нето-плата во првото полугодие во однос на претходните шест месеци. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни трошоците на животот пораснале за околу…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение му порача на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да не се откажува и да продолжи да ја води партијата и покрај, како што велат, многубројните внатрепартиски проблеми. Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако претставниците на демократската платформа сочинета од актуелни и поранешни функционери на СДСМ, меѓу другото, вчера оценија дека партијата станала заробена и дека и покрај разговорите со актуелното раководство, не успеале да се направат потребните промени во партијата. „Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и многубројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија. Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори…
Соопштение на СДСМ Нема бегање од вистината за платформата ЗНАМ 2.0. Никола Ќуркчиев вели дека докуметните коишто јавно ги објавивме се АИ правени, а документите за тендерот од 1.6 милиони евра и неговата поврзаност со фирмата се јавно достапни и секој може да ги види. Еве колку е лесно, па нека гледаат членовите и граѓаните. *Документите се во прилог:













