Автор: Томислав Кежаровски

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза. Во рамките на програмскиот сегмент „Специјални говори/Интервју на бина“, Мукаетов учествуваше во разговорот насловен „Искуство на македонска Blue-Chip компанија“, модериран од Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје. Разговорот отвори повеќе теми поврзани со развојот на компаниите, улогата на пазарот на капитал, значењето на транспарентноста и можностите за раст…

Read More

Есента во земјава и на северната хемисфера ќе почне ноќеска во 02:05 часот по полноќ. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До крајот на годинава остануваат уште 99 дена. Преминот кон новата сезона е означен со есенската рамноденица – моментот кога Сонцето, гледано од Земјата, го преминува небесниот екватор и го продолжува своето привидно движење кон јужната хемисфера. По…

Read More

Топло време со температури значително над просекот се очекува во голем дел од Европа во завршницата на септември, а според прогнозите, затоплувањето би можело да продолжи и во првите денови од октомври. Причина за ваквата временска состојба е силната област со висок воздушен притисок што се очекува да се формира над континентот. Таа ќе овозможи продор на топол воздух од Медитеранот и Северна Африка кон северните делови на Европа.Во западна, централна и северна Европа температурите на височина би можеле да бидат дури 8 до 12 степени над вообичаените вредности за овој период. На земја, во повеќе подрачја температурите ќе надминат…

Read More

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено по претежно суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Автомото сојузот на Македонија информира дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања. АМСМ апелира за прилагодена брзина и зголемено внимание низ котлините и клисурите поради опасност од одрони. Посебна претпазливост и почитување на поставената патна сигнализација се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На овие правци постои постојана можност од појава на одрони на коловозот. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк…

Read More

СДСМ и коалицијата денеска ќе поднесат предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците, со кој се предлага дополнителна помош за повеќе земјоделски производители. Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, мерките се подготвени врз основа на барањата на земјоделците и проблемите со откупот и ниските откупни цени. За лозарите се предлага финансиска поддршка од 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“. За оние кои нема да успеат да го продадат грозјето, предвидена е дополнителна поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад. Предлогот предвидува и 10 денари за килограм продадена ајварка, како и дополнителни…

Read More

Мерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време на енергетската криза даваат резултати. Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство. Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%. Следат, Хрватска каде…

Read More

ФОТО: ПРОФИМЕДИА Замастениот црн дроб може долго време да остане целосно незабележан. Во раните и средните фази честопати нема јасни симптоми, поради што многу луѓе и не знаат дека ја имаат оваа состојба. Иако во повеќето случаи таа не мора нужно да доведе до сериозно оштетување на црниот дроб, нејзиното присуство може да укажува на метаболички проблеми и зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Затоа, често се поставува прашањето дали можеме да направиме нешто преку секојдневната исхрана за да го заштитиме црниот дроб. Одговорот на професор д-р Ана Мрзљак, гастроентеролог и хепатолог од Одделот за хепатологија и трансплантација на црн дроб…

Read More

ФОТО: ПУМА Патиките одамна престанаа да бидат само завршен детаљ на стајлингот, а новите модели сè повеќе изгледаат како да пристигнале директно од иднината. „Puma“ и лондонскиот бренд „J.L-A.L“, зад кој стои дизајнерот Жан-Лук Амбриџ Лавел, го претставија својот најнов заеднички модел на патики. Новата силуета, наречена „CELL GEO 1 CAGE J.L-A.L“, претставува еволуција на нивната претходна соработка „CELL GEO“, која беше целосно распродадена. Впечатливиот геометриски дизајн е инспириран од геодезиските куполи на архитектот Бакминстер Фулер, пишува „ ИНДЕХ“ Дизајн и структура Станува збор за патика со високи перформанси, со горниште од мрежаст материјал без шевови и без врвки. Целата…

Read More

Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети е последниот смртен случај со западнонилска треска во државата. Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана денеска во изјава за медиуми рече дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Бил со потешка клиничка Директорот информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика. -Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, овој викенд – одговори Цана. Ова е деветто лице кое му подлегна на вирусот на западнонилска треска во…

Read More

На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Хуманоста и солидарноста отсекогаш биле дел од традицијата на „Алкалоид“. Во септември 2011 година, по повод 75-годишниот јубилеј на компанијата, овие вредности добија уште еден израз со започнувањето на корпоративната хуманитарна иницијатива наменета за вработените во „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и/или нивните пријатели. Со текот на годините иницијативата прерасна во традиционален хуманитарен настан, чиј континуитет беше привремено прекинат единствено за време на ковид-пандемијата. Од првиот Хуманитарен пикник до завчера собрани се…

Read More